174/1998-0-0

Вовед

Уставниот суд на Република Македонија, врз основа на член 110 од Уставот на Република Македонија, член 71 и член 28 алинеја 2 од Деловникот на Уставниот суд на Република Македонија (“Службен весник на Република Македонија” бр.70/92), на седницата одржана на 20 јануари 1999 година, донесе

Р Е Ш Е Н И Е

Текст

1. СЕ ОТФРЛА иницијативата за оценување уставноста на
а) членот 11 од Законот за изменување и дополнување на Законот за Народната банка на Република Македонија (“Службен весник на Република Македонија” бр.37/98) кој предвидува во членот 70 став 1 точка 28 од основниот Закон за Народна банка на Република Македонија по точката 28 да се додаде нова точка 28-а чиј став 2 гласи: “Советот на Народната банка по жалби против решенијата донесени од страна на гувернерот на Народната банка на Македонија, одлучува без учество на гувернерот и заменик на гувернернот”;
б) Член 4 став 5 од Законот за изменување и дополнување на Законот за банките и штедилниците (“Службен весник на Република Македонија” бр.37/98) кој гласи: “Против решенијата на гувернерот со кои ја укинува дозволата за работа на банката, може да се поднесе жалба во рок од осум дена од доставувањето на решението. По жалбата одлучува Советот на Народната банка на Македонија, без учество на гувернерот и заменикот на гувернерот” и
в) Ставот 2 на член 7 од овој закон за измени во делот што гласи: ” По жалбата одлучува Советот на Народната банка на Македонија, без учество на гувернерот и заменик гувернерот”.
2. Јованче Најдов од Кавадарци и Нико Поленак – адвокат од Скопје, на Уставниот суд на Република Македонија му поднесоа иницијативи за оценување уставноста на законите означени под а), б) и в) во точката 1 од ова решение, затоа што од нивната формулација не произлегувала гаранција на начелото на двостепеност во одлучувањет, што било загарантирано со Уставот.
3. Разгледувајќи ја иницијативата, Судот утврди дека со решение У.бр.165/98 од 23 и 24 декември 1998 година ја запрел постапката за оценување уставноста на истите одредби од законите наведени под а), б) и в) во точката 1 од ова решение.
Согласно член 28 алинеја 2 од Деловникот на Уставниот суд на Република Македонија, Уставниот суд ќе ја отфрли иницијативата ако за истата работа веќе одлучувал, а нема основи за поинакво одлучување.
Со оглед на тоа дека Судот во врска со оспорените законски одредби веќе се произнел и истите ги оценил за согласни со Уставот, а не наоѓа основи за поинакво одлучување, одлучи како во точката 1 од ова решение.
4. Ова решение Судот го донесе со мнозинство гласови во состав од претседателот на Судот д-р Милан Недков и судиите Бахри Исљами, д-р Никола Крлески, Олга Лазова, д-р Стојмен Михајловски, д-р Јован Проевски, Бесим Селими, д-р Јосиф Талевски и д-р Тодор Џунов. (У.бр. 174/98 и У.бр.194/98)