Вовед
Уставниот суд на Република Македонија, врз основа на член 110 од Уставот на Република Македонија и член 71 од Деловникот на Уставниот суд на Република Македонија (“Службен весник на Република Македонија” бр.70/92), на седницата одржана на 21 октомври 1998 година, донесе
Р Е Ш Е Н И Е
Текст
1. НЕ СЕ ПОВЕДУВА постапка за оценување уставноста на членовите
2. Стамен Филипов од Скопје, на Уставниот суд на Република Македонија му поднесе иницијатива за оценување уставноста на законот означен во точката 1 од ова решение. Според наводите во иницијативата, оспорените членови од Законот биле несогласни со Уставот на Република Македонија затоа што министерот за труд и социјална политика со Уставот на Република Македонија не бил овластен да носи подзаконски акти од областа на трудот и социјалната политика и дека Уставот не го предвидува институтот волонтер, туку го употребува терминот “вработени”, поради што можело да се постави прашањето за уставноста на оспорениот закон.
3. Судот на седницата утврди дека со оспорените законски одредби министерот за труд и социјална политика се овластува да го определи начинот на остварувањето на определени права предвидени во овој или друг закон, а кои се во врска со остварувањето на социјалната заштита.
Исто така, Судот утврди дека со оспорената одредба од членот 57 од Законот се предвидува одредени работи од социјална заштита, по исклучиво овластување на директорот на установата за социјална заштита, без надоместок да можат да ги вршат волонтери, кои се квалификувани за тој вид работа или поминале низ обука за вршење на таа работа.
4. Согласно член 96 од Уставот органите на државната управа работите од својата надлежност ги вршат самостојно врз основа и во рамките на Уставот и законите.
Согласно член 19 став 2 од Законот за органите на управата, овие органи во рамките на правата и должностите на Републиката, меѓу другото, донесуваат прописи за извршување на законите, другите прописи и општи акти кога за тоа се овластени со закон.
Со оглед на тоа што, во конкретниов случај, министерот за труд и социјална политика е овластен да донесува подзаконски прописи во функција на извршувањето на овој и други закони, што се во врска со остварувањето на социјалната заштита, и што таквите акти содржат одредби од процедурален карактер со кои се уредува начинот на остварувањето на претходно утврдените права во Законот за социјална заштита или во други закони кои, исто така, утврдуваат права од областа на социјалната заштита, Судот смета дека не може да се постави прашањето за уставноста на оспорените одредби од Законот од овој аспект.
Што се однесува до прашањето за уставноста на членот 57 од Законот кој го предвидува волонтирањето во функција на вршење на определени работи за кои волонтерот е квалификуван или поминал низ соодветна обука од областа на социјална заштита, Судот оцени дека овој, еден вид, социјален работник не може да се изедначува со вработен работник во смисла на член 32 став 5 од Уставот, затоа што Законот за социјална заштита не зборува за класична категорија на работници волонтери (приправници), што беше застапена во Законот за основните права од работен однос и Законот за работни односи, кои престанаа да важат со донесувањето на Законот за работни односи (“Службен весник на Република Македонија” бр.80/93), туку за категорија работници кои, по сопствена желба и наоѓање, определен број на часови или денови во годината минуваат во некоја од социјалните установи со цел доброволно да им пружат нега или помош на хендикепираните лица, поради што не може да се постави прашањето за уставноста на членот 57 од Законот од овој аспект.
5. Врз основа на изнесеното, Судот одлучи како во точката 1 од ова решение.
6. Ова решение Судот го донесе со мнозинство гласови во состав од претседателот на Судот д-р Милан Недков и судиите Бахри Исљами, д-р Никола Крлески, Олга Лазова, д-р Стојмен Михајловски, д-р Јован Проевски, Бесим Селими, д-р Јосиф Талевски и д-р Тодор Џунов. (У.бр.80/98)