70/1998-0-0

Вовед

Уставниот суд на Република Македонија, врз основа на член 110 од Уставот на Република Македонија и член 28 став 1 алинеа 1 и член 71 став 1 од Деловникот на Уставниот суд на Република Македонија (“Службен весник на Република Македонија” бр.70/92), на седницата одржана на 3 јуни 1998 година, донесе

Р Е Ш Е Н И Е

Текст

1. СЕ ОТФРЛА иницијативата за оценување уставноста на членовите 15, 17 и 18 од Законот за градежно земјиште (“Службен весник на СРМ” бр.10/79, 17/79, 37/80, 18/89 и 76/96 и “Службен весник на РМ” бр.71/96)

2. Љупчо Јанев од Радовиш, на Уставниот суд на Република Македонија му поднесе иницијатива за оценување уставноста на членвоите 15, 17 и 18 од законот означен во точката 1 од ова решение, затоа што со нив се ограничувало правото на сопственост утврдено во член 30 од Уставот на Република Македонија.

3. Разгледувајќи ја иницијативата Судот утврди дека со решение У.бр.241/95 од 6 септември 1995 година ја оценувал уставноста на член 17 од Законот за градежно земјиште, а со решение У.бр.11/97, 36/97 и 140/97 од 15 април 1998 година ја оценувал и уставноста на членовите 15 и 18 од истиот закон и за нив не повел постапка.

4. Со оглед на тоа што Судот за истата работа веќе одлучувал, а сега не наоѓа причини за поинакво одлучување, одлучи како во точката 1 од ова решение.

5. Ова решение Судот го донесе во состав од претседателот на Судот д-р Милан Недков и судиите Бахри Исљами, д-р Никола Крлески, Олга Лазова, д-р Стојмен Михајловски, д-р Јован Проевски, Бесим Селими, д-р Јосиф Талевски и д-р Тодор Џунов. (У.бр.70/98)