211/1997-0-0

Вовед

Уставниот суд на Република Македонија, врз основа на член 110 од Уставот на Република Македонија и член 71 од Деловникот на Уставниот суд на Република Македонија (“Службен весник на Република Македонија” бр.70/92), на седницата одржана на 3 јуни 1998 година, донесе

Р Е Ш Е Н И Е

Текст

1. СЕ ОТФРЛА иницијативата за поведување постапка за оценување законитоста на Статутот на Педагошкиот факултет “Св.Климент Охридски” во Скопје, од 3 октомври 1995 година и Статутарната одлука за измени и дополнувања на Статутот на Педагошкиот факултет “Св. Климент Охридски” во Скопје, од 22 мај 1996 година, донесени од Матичната комисија за основање на Педагошкиот факултет “Св. Климент Охридски” во Скопје.

2. Слободан Тодосиевски – адвокат од Скопје, му поднесе на Уставниот суд на Република Македонија иницијатива за поведување постапка за оценување законитоста на актите означени во точката 1 од оваа одлука, бидејќи истите не биле во согласност со одредбите од Законот за насоченото образование.

3. На седницата Судот утврди дека Наставно-научниот совет на Педагошкиот факултет “Св.Климент Охридски” на 10 март 1998 година донел нов Статут заведен под број 08-227/3 од 11 март 1998 година, со чие што донесување престанале да важат оспорените акти.

4. Согласно член 28 алинеја 3 од Деловникот на Уставниот суд на Република Македонија, Уставниот суд ќе ја отфрли иницијативата ако постојат процесни пречки за одлучување по истата.

Со оглед на тоа што оспорените акти со иницијативата престанале да важат со донесувањето на Статутот на Педагошкиот факултет “Св.Климент Охридски” во Скопје, бр.08-227/3 од 11 март 1998 година, Судот најде дека постојат процесни пречки за одлучување по истата, поради што, согласно цитираната одредба од Деловникот, одлучи како во точката 1 од ова решение.

5. Ова решение Судот го донесе во состав од претседателот на Судот д-р Милан Недков и судиите Бахри Исљами, д-р Никола Крлески, Олга Лазова, д-р Стојмен Михајловски, д-р Јован Проевски, Бесим Селими, д-р Јосиф Талевски и д-р Тодор Џунов. (У.бр.211/97)