Вовед
Уставниот суд на Република Македонија, врз основа на член 110 од Уставот на Република Македонија, член 71 алинеја 1 и 3 и член 28 алинеја 3 од Деловникот на Уставниот суд на Република Македонија (“Службен весник на Република Македонија” бр.70/92), на седницата одржана на 27 мај 1998 година, донесе
Р Е Ш Е Н И Е
Текст
1. СЕ ПОВЕДУВА постапка за оценување уставноста и законитоста на Одлуката за стопирање на сечата на дрвна маса во територијата на општина Липково бр.189/09 од 5.09.1997, донесена од Советот на општина Липково.
2. СЕ ОТФРЛА иницијативата за поведување постапка за оценување уставноста и законитоста на:
а) Одлуката за основање на Јавно претпријатие за одгледување, заштита и искористување на шуми “Копиљача” с. Оризаре, Липково бр.122-4/06 од 19.06.1997 година, донесена од Советот на општина Липково и
б) Овластувањата на градоначалникот на општина Липково бр.08–294/1 од 1.12.1997 година и 08-304/1, 08-305/1, 08-306/1 од 5.12.1997 година, доставени до советите на Месните заедници с. Матејче, с. Отља, с. Руница и с. Гошинце, со кои советите на овие месни заедници се овластуваат да ја спречуваат односно да ја стопираат сечата на дрвна маса на територијата на својата месна заедница.
3. Владата на Република Македонија, на Уставниот суд на Република Македонија му поднесе иницијатива за поведување постапка за оценување уставноста и законитоста на актите означени во точките 1 и 2 од ова решение, затоа што истите не биле во согласност со Уставот, со Законот за шумите, ниту со Законот за локалната самоуправа. Притоа, како причини за оспорувањето се наведува дека шумите, како добро од општ интерес, согласно Уставот уживаат посебна заштита и се користат на начин и услови утврдени со закон, а од друга страна ниту со Законот за шумите, ниту с о Законот за локалната самоуправа на општината не и се пренесени никакви ингеренции односно овластувања во поглед на заштитата и користењето на шумите, така што за донесувањето на оспорените акти не постоел ни уставен ни законски основ.
4. Судот на седницата утврди дека со одлуката озна чена во точката 1 на ова решение се стопира сечата на шумите на целата територија на општина Липково.
5. Според член 56 став 1 од Уставот на Република Македонија, сите природни богатства на Републиката, растителниот и животинскиот свет, добрата во општа употреба, како и предметите и објектите од особено културно и историско значење определени со закон се добра во општ интерес на Републиката и уживаат посебна заштита. Според ставот 3 на истиот член од Уставот, начинот и условите под кои определени добра од општ интерес за Републиката можат да се отстапат на користење се уредуваат со закон.
Според член 7 од Законот за шумите (“Службен весник на Република Македонија” бр.47/97), шумите се во приватна и во државна сопственост.
Според член 17 од Законот, за стопанисување со шумите во државна сопственост за стопанска намена, Владата на Република Македонија, основа јавно паретпријатие за стопанисување со шумите (став 1); со шумите во приватна сопственост стопанисуваат сопствениците (став 2), одгледувањето и заштитата на шумите за посебна намена, го врши јавното претпријатие или друго правно лице кое ќе го определи Владата на Република Македонија (став 3) и ако за одгледување и заштита на шумата со посебна намена Владата на Република Македонија определи друго правно лице, правата и обврските се утврдуваат со договор (став 4).
Во член 32 од Законот е утврдено дека сеча во шума се врши само со претходна ознака за сеча, а во член 33 е утврдено дека ознака за сеча во државна и во приватна шума врши јавното претпријатие, односно правното лице кое врши одгледување и заштита на шумата за посебна намена.
Во член 43 од Законот, за субјектите што стопанисуваат со шумите е утврдена обврска да преземаат мерки за заштита на шумите од пожари, елементарни непогоди, растителни болести, штетни инсекти, бесправно напасување и други оштетувања.
Од наведените уставни и законски одредби произлегува дека шумите, како добро од општ интерес, се во приватна и државна сопственост и дека со шумите во државна сопственост стапанисува јавно претпријатие основано од Владата или друго правно лице кое ?е го определи Владата, а додека со шумите во приватна сопственост стопанисуваат нивните сопственици.
Со оглед дека во наведените уставни и законски одредби, како и во другите одредби од Законот, не е утврдена никаква надлежност односно овластување на општината во сферата на стопанисувњето со шумите, па оттука ни во поглед на сечата на шумите, произлегува дека оспорената одлука е донесена без постоење на законски основ за тоа, односно Советот на општина Липково оваа одлука ја донел иако нема законско овластување за тоа поради што Судот оцени дека основано може да се постави прашањето за согласноста на оваа одлука со Уставот и со Законот за шумите.
6. Во однос на оспорените акти означени во точката 2 од ова решение Судот утврди дека:
Оспорената Одлука за основање на Јавно претпријатие за одгледување, заштита и искористување на шуми “Копиљача” с.Оризаре-Липково бр.122-4/06 од 19.061997 година престанала да важи пред поднесувањето на иницијативата (иницијативата е поднесена на 7.04.1998 година) бидејќи во меѓувреме Советот на општината Липково донел Одлука за нејзино поништување под бр.07-111/1 од 7.03.1998 година.
Исто така, и оспорените Овластувања донесени од градоначалникот на општина Липково под броевите 08-294/1, 08-304/1, 08-305/1 и 08-306/1 донесени на ден 1.12. и 05.12.1997 година и доставени до советите на месните заедници с. Матејче, с.Отља, с.Гошинце и с.Руница престанале да важат пред поднесувањето на иницијативата бидеј?и на ден 10.03.1998 година градоначалникот на општина Липково донел Одлука за нивно повлекување под бр.08-110/1.
Со оглед на тоа што оспорените акти означени во точката 2 од ова решение престанале да важат пред да се поведе постапка за оценување на нивната уставност и законитост, Судот оцени дека, согласно член 28 алинеја 3 од Деловникот на Уставниот суд на Република Македонија постојат процесни пречки за одлучување.
7. Врз основа на изнесеното Судот одлучи како во точките 1 и 2 од ова решение.
8. Ова решение Судот го донесе во состав од претседателот на Судот д-р Мил ан Недков и судиите Бахри Исљами, д-р Никола Крлески, Олга Лазова, д-р Стојмен Михајловски, д-р Јован Проевски, Бесим Селими, д-р Јосиф Талевски и д-р Тодор Џунов.
У.бр.68/98
27 мај 1998 година
С к о п ј е
сд/.
ПРЕТСЕДАТЕЛ
на Уставниот суд на Република
Македонија
д-р Милан Недков