217/1997-0-0

Вовед

Уставниот суд на Република Македонија, врз основа на член 110 од Уставот на Република Македонија и член 28 став 1 алинеа 3 и член 71 од Деловникот на Уставниот суд на Република Македонија (“Службен весник на Република Македонија” бр.70/92), на седницата одржана на 13 мај 1998 година, донесе

Р Е Ш Е Н И Е

Текст

1. СЕ ОТФРЛА иницијативата за оценување уставноста на член 6 од Законот за исплата на плати и пензии (“Службен весник на РМ” бр.78/93).

2. Светозар Георгиевски од Скопје на Уставниот суд на Република Македонија му поднесе иницијатива за оценување уставноста на член 6 од законот означен во точката 1 од ова решение, затоа што Уставниот суд со решение У.бр.15/94 со кое го укинал член 6 од Законот за исплата на плати и пензии не се произнел и по наводот во иницијативата за повратното дејство на член 6, поради што тој бил во спротивност со член 52 став 4 од Уставот на Република Македонија.

3. Разгледувајќи ја иницијативата Судот утврди дека со Решение У.бр.15/94 од 7 декември 1994 година го укинал член 6 од Законот за исплата на плати и пензии.

Со оглед на тоа што Судот го укинал оспорениот член 6 од Законот за исплата на плати ипензии, а тоа значи дека тој повеќе не постои во правниот поредок без оглед на причините за неговото укинување, согласно член 28 став 1 алинеја 3 од Деловникот на Уставниот суд постојат процесни пречки за одлучување по иницијативата, поради што Судот одлучи како во точката 1 од ова решение.

4. Врз основа на изнесеното, Судот одлучи како во точката 1 од ова решение.

5. Ова решение Судот го донесе во состав од претседателот на Судот д-р Милан Недков и судиите Бахри Исљами, д-р Никола Крлески, Олга Лазова, д-р Стојмен Михајловски, д-р Јован Проевски, Бесим Селими, д-р Јосиф Талевски и д-р Тодор Џунов. (У.бр.217/97)