216/1997-0-0

Вовед

Уставниот суд на Република Македонија, врз основа на член 110 од Уставот на Република Македонија и член 47 алинеја 1 и член 71 алинеја 2 од Деловникот на Уставниот суд на Република Македонија (“Службен весник на Република Македонија” бр.70/92), на седницата одржана на 18 март 1998 година, донесе

Р Е Ш Е Н И Е

Текст

1. СЕ ЗАПИРА постапката за оценување уставноста и законитоста на Одлуката за комунални такси на општина Тетово бр.08-268/9, донесена од Советот на општина Тетово на 17 мај 1997 година.

2. Уставниот суд на Република Македонија, по иницијатива на Владата на Република Македонија со Решение У.бр.216/97 од 28 јануари 1998 година поведе постапка за оценување уставноста и законитоста на оспорената одлука означена во точката 1 од ова решение, затоа што се постави прашањето за согласноста на оспорената одлука со Уставот и со Законот за комуналните такси.

3. Судот на седницата утврди дека во текот на постапката оспорената одлука престанала да важи со Одлуката за укинување на Одлуката за комунални такси на општина Тетово бр.08-268/9, донесена од Советот на општина Тетово под бр.07-165/6 на седницата одржана на 23 февруари 1998 година.

Со оглед на тоа што оспорената одлука престана да важи, согласно член 47 од Деловникот на Уставниот суд на Република Македонија, Судот оцени дека се исполнети условите за запирање на постапката.

4. Врз основа на изнесеното, Судот одлучи како во точката 1 од ова решение.

5. Ова решение Судот го донесе во состав од претседателот на Судот д-р Милан Недков и судиите Бахри Исљами, д-р Никола Крлески, Олга Лазова, д-р Стојмен Михајловски, д-р Јован Проевски, Бесим Селими, д-р Јосиф Талевски и д-р Тодор Џунов. (У.бр.216/97)