Уставниот суд на Република Македонија, врз основа на член 110 од Уставот на Република Македонија и членовите 28 и 71 од Деловникот на Уставниот суд на Република Македонија (“Службен весник на Република Македонија” бр.70/92) на седницата одржана на 4.03.1998 година
Р Е Ш Е Н И Е
1. СЕ ОТФРЛА иницијативата за поведување постапка за оценување уставноста на дејствието со кое градоначалникот на Општина Пласница го лоцирал седиштето на општината во с. Ижиште.
2. На Уставниот суд на Република Македонија Одборот на Месната заедница с.Ижиште му поднесе иницијатива за поведување постапка за оценување уставноста на дејствието означено во т.1 од ова решение, затоа што не можело да се дозволи седиштето на една општина да биде лоцирано во населено место што припаѓа на друга општина.
3. Според член 110 од Уставот на Република Македонија, Уставниот суд на Република Македонија одлучува за уставноста на законите и уставноста и законитоста на другите прописи и акти означени во тој член, но не и на дејствијата што ги преземаат одредени правни субјекти.
Поради тоа Уставниот суд не е надлежен да одлучува за уставноста на означеното дејствие и одлучи како во т.1 од ова решение.
4. Ова решение Судот го донесе во состав од претседателот на Судот д-р Милан Недков и судиите Бахри Исљами, д-р Никола Крлески, Олга Лазова, д-р Стојмен Михајловски, д-р Јован Проевски, Бесим Селими, д-р Јосиф Талевски и д-р Тодор Џунов. (У.бр.230/97)