Вовед
Уставниот суд на Република Македонија, врз основа на член 110 од Уставот на Република Македонија и член 71 алинеја 3 од Деловникот на Уставниот суд на Република Македонија (“Службен весник на Република Македонија” бр.70/92) на седницата одржана на 3.12.1997 година, донесе
Р Е Ш Е Н И Е
Текст
1. СЕ ОТФРЛА иницијативата за поведување постапка за оценување уставноста и законитоста на Одлуката за утврдување на бројот на работниците на кои им престанува работниот однос со отказ поради економски, технолошки и структурални промени и правата што им се обезбедуваат, донесена од помошникот на директорот на Службата за општи и заеднички работи на Владата на Република Македонија на 7.05.1997 година.
2. На Уставниот суд на Република Македонија Снежана Чапевска и Софрон Георгиевски од Делчево му поднесоа иницијатива за поведување постапка за оценување уставноста и законитоста на одлуката означена во точката 1 од ова решение, затоа што не била во согласност со Уставот и со закон.
3. На седницата Судот утврди дека оспорената одлука не претставува пропис во смисла на член 110 од Уставот на Република Македонија, туку акт со кој се уредуваат и решаваат односи на вработените во една служба односно орган, за чија уставност односно законитост Уставниот суд не е надлежен да одлучува.
4. Ова решение Судот го донесе во состав од претседателот на Судот д-р Милан Недков и судиите Бахри Исљами, д-р Никола Крлески, Олга Лазова, д-р Стојмен Михајловски, д-р Јован Проевски, Бесим Селими, д-р Јосиф Талевски и д-р Тодор Џунов. (У.бр.187/97)