200/1997-1-0

Вовед

Уставниот суд на Република Македонија врз основа на член 110 од Уставот на Република Македонија и член 28 став 1 алинеја 1 и член 71 став 1 од Деловникот на Уставниот суд на Република Македонија, на седницата одржана на 19 ноември 1997 година, донесе

Р Е Ш Е Н И Е

Текст

1. СЕ ОТФРЛА иницијативата за оценување уставноста и законитоста на Правилникот за измени и дополнувања на Правилникот за внатрешна организација и систематизација на работните места бр.02395/4 на вработените во АД “Лозар” во Велес, од 23 април 1997 година и за оцена на меѓусебната согласност на Колективниот договор на вработените на АД “Лозар” – Велес со Колективниот договор на ниво на групацијата.

2. На Уставниот суд на Република Македонија Драган Николов од Велес му поднесе иницијатива за оценување уставноста и законитоста на Правилникот означен во точката 1 од ова решение, затоа што со него било овзможено работникот да биде распореден на работно место со пониска квалификација од онаа што ја имал, што не било во согласност со Уставот и со Законот за работните односи и за тоа што Колективниот договор на вработените во АД “Лозар” во Велес не бил во согласност со Колективниот договор на ниво на групацијата.

3. Разгледувајќи ја иницијативата Судот оцени дека не е надлежен да одлучува по неа затоа што согласно член 110 од Уставот на Република Македонија Уставниот суд одлучува за согласноста на законите со Уставот и за согласноста на другите прописи со Уставот и со законите, а не и за уставноста и законитоста на општите акти на акционерските друштва и за меѓусебната усогласеност на колективните договори.

Врз основа на изнесеното Судот одлучи како во точката 1 од ова решение.

Ова решение Судот го донесе во состав од претседателот на Судот д-р Милан Недков и судиите Бахри Исљами, д-р Никола Крлески, Олга Лазова, д-р Стојмен Михајловски, д-р Јован Проевски, Бесим Селими, д-р Јосиф Талевски и д-р Тодор Џунов. (У.бр.200/97)