62/1997-0-0

Вовед

Уставниот суд на Република Македонија, врз основа на член 110 од Уставот на Република Македонија и член 28 алинеја 2 од Деловникот на Уставниот суд на Република Македонија (“Службен весник на Република Македонија” бр.70/92), на седницата одржана на 16 јули 1997 година, донесе

Р Е Ш Е Н И Е

Текст

1. СЕ ОТФРЛА иницијативата за оценување уставноста на член 5 од Законот за исплата на платите и пензиите во Република Македонија (“Службен весник на Република Македонија” бр.78/93).

2. На Уставниот суд на Република Македонија Фондот за пензиско и инвалидско осигурување му поднесе иницијатива за поведување постапка за оценување уставноста на член 5 од законот означен во точката 1 од ова решение, затоа што при толкувањето на правното дејство на одлуката на Судот со која е укинат членот 6, а запрена постапката за оценување уставноста на членот 5 од Законот, ги доведувало во нееднаква положба вработените и пензионерите, што било несогласно со Уставот.

3. Судот на седницата утврди дека со одлука У.бр.15/94 од 7 декември 1994 година ја запрел постапката за оценување уставноста на член 5 од Законот за исплата на платите и пензиите оценувајќи дека нема основ за натамошно водење на постапката.

4. Согласно член 28 алинеја 2 од Деловникот на Уставниот суд на Република Македонија, Судот ќе ја отфрли иницијативата ако заистата работа веќе одлучувал, а нема основи за поинакво одлучување.

Со оглед на тоа што Судот се произнел во однос на оспорениот член 5 од Законот, односно оценил дека нема основа за водење постапка за оценување на неговата уставност, согласно наведената одредба од Деловникот, одлучи како во точката 1 од ова решение.

5. Ова решение Судот го донесе во состав од претседателот на Судот д-р Милан Недков и судиите Бахри Исљами, д-р Никола Крлески, Олга Лазова, д-р Стојмен Михајловски, д-р Јован Проевски, Бесим Селими, д-р Јосиф Талевски и д-р Тодор Џунов.(У.бр.62/97)