116/1997-0-0

Вовед

Уставниот суд на Република Македонија, врз основа на член 110 од Уставот на Република Македонија и член 28 став1 алинеја 1 и член 71 од Деловникот на Уставниот суд на Република Македонија (“Службен весник на Република Македонија” бр.70/92), на седницата одржана на 9 јули 1997 година, донесе

Р Е Ш Е Н И Е

Текст

1. СЕ ОТФРЛА иницијативата за оценување уставноста и законитоста на Решението бр.147/93 на Окружниот стопански суд во Скопје за отворање стечајна постапка на РО “ЧИК-Промет” и “ЧИК-Конфорт” во Куманово од 18 јуни 1993 година.

2. На Уставниот суд на Република Македонија Здружението на стечајните работници во Општина Куманово му поднесоа иницијатива за оценување уставноста и законитоста на актот означен во точката 1 од ова решение затоа што Окружниот стопански суд неправилно ја отворил стечајната постапка иако означената организација во време на отворањето на стечајната постапка биле ликвидни, што не било во согласност со Уставот и со закон.

3. Разгледувајки ја иницијативата Судот оцени дека не е надлежен да одлучува по неа, затоа што оспореното решение како поединечн акт, донесен во постапка пред суд, нема карактер на пропис во смисла на член 110 од Уставот. Според оваа уставна одредба Уставниот суд е надлежен да одлучува за уставноста на законите и уставноста и законитоста на прописите и општите акти, како и за одделни слободи и права на човекот и граѓаинот утврдени со Уставот.

Врз основа на ознесеното Судот одлучи како во точката 1 од ова решение.

4. Ова решение Судот го донесе во состав од претседателот на Судот д-р Милан Недков и судиите Бахри Исљами, д-р Никола Крлески, Олга Лазова, д-р Стојмен Михајловски, д-р Јован Проевски, Бесим Селими, д-р Јосиф Талевски и д-р Тодор Џунов. (У.бр.116/97)