Вовед
Уставниот суд на Република Македонија, врз основа на член 110 од Уставот на Република Македонија и членовите 28 и 71 од Деловникот на Уставниот суд на Република Македонија (“Службен весник на Република Македонија” бр.70/92) на седницата одржана на 28 мај 1997 година, донесе
Р Е Ш Е Н И Е
Текст
1. СЕ ОТФРЛА иницијативата за преиспитување на Решението У.бр.29/97 донесено од Уставниот суд на Република Македонија на седницата одржана на 26 март 1997 година и за примена на членовите 27, 57, 70, 71, 80 и 81 од Деловникот на Уставниот суд.
2. На Уставниот суд на Република Македонија Симеон Јоновски од Битола му поднесе иницијатива за преиспитување на решението означено во точката 1 од ова решение и барање за донесување на ново решение со примена на членовите 27, 57, 70, 71, 80 и 81 од Деловникот на Уставниот суд на Република Македонија, затоа што донесувајки го означеното решение Уставниот суд не ги имал предвид повеќе одредби од својот Деловник, чија примена била неопходна имајќи ја предвид фактичката состојба околу постапувањето на судовите, полицијата и јавното обвинителство кои вршеле насилство без никаков основ.
Исто така, подносителот на иницијативата смета дека Уставниот суд намерно не го имал предвид и член 51 од Деловникот, со цел да поминат 5 години од кога се извршени повредите на неговите слободи и права.
Според подносителот на иницијативата, Уставниот суд требало да се огласи за надлежен и да ги запре од извршување сите поединечни акти што се донесени од судските и други државни органи, да донесе ново решение и да определи отстранување на последиците и враќање во поранешна состојба со надоместок на штета, применувајќи го при тоа член 81 од Деловникот на Судот.
3. Судот на седницата утврди дека по иницијатива поднесена од Симеон Јоновски од Битола, со Решение У.бр.29/97 од 26 март 1997 година ја отфрли иницијативата за оценување уставноста на оспорените одредби од Кривичниот закон на Република Македонија, затоа што утврди дека Законот престанал да важи, па не постоеја процесни претпоставки за постапување на Судот.
Во однос на барањето за заштита на слободите и правата повредени со поединечни акти и дејствија на судовите, органите за внатрешни работи и јавните обвинителства, Судот исто така го отфрли барањето затоа што од приложените докази констатира дека со оспорените акти не се повредуваат слободите и правата што ги штити Уставниот суд, односно со барањето не се бара заштита на слободите и правата од член 110 алинеја 3 од Уставот. Исто така од текстот на барањето и од приложените докази констатира дека пред се се бара заштита на слободи и права на друго лице, а не на подносителот
иницијативата односно барањето.
Имајки го предвид барањето во сега поднесената иницијатива Судот оцени дека не се наведуваат нови барања, факти и докази кои би придонеле за донесување на поинакво решение.
Во однос на примената на одделни членови од Деловникот, Судот, исто така, оцени дека нема основ за нивна примена од следните причини.
Имено, во член 27 од Деловникот е предвидено дека Уставниот суд може во текот на постапката до донесување на конечна одлука, да донесе решение за запирање од извршување на поединечни акти и дејствија што се преземени врз основа на закон, друг пропис или општ акт чија уставност односно законитост ја оценува, доколку со неговото извршување би настанале тешко отстранливи последици.
Од оваа одредба е видно дека ваква мерка Судот може да изрече само ако поединечните акти и дејствија се донесени или преземени врз основа на закон или друг пропис што тој е надлежен да го оценува, тоа значи дека Судот не може да изрече ваква мерка за закони или други прописи кој не може да го ценува, односно за кој постои процесна пречка за нивна оценка.
Ваква мерка Судот, согласно член 57 од Деловникот, може да изрече и во текот на постапката за барање за заштита на слободи и права, но само доколку се бара заштита на слободи и права, кои Уставниот суд е надлежен да ги штити.
Во член 70 од Деловникот се определени видовите на одлуки што може да ги донесе Уставниот суд, а со оглед на тоа што Судот во конкретниот случај утврди дека не е надлежен да постапува по иницијативата односно барањето, не постоеја ни претпоставки за донесување на одлука во смисла на овој член од Деловникот.
Во член 80 од Деловникот е предвидено дека извршувањето на правосилните поединечни акти донесени врз основа на закон, пропис или друг општ акт што со одлука на Судот е укинат не може да се дозволи ниту да се спроведе, а ако извршувањето е започнато ќе се запре.
Во овој член е утврдено правното дејство на укинувачка одлука на Уставниот суд, што значи дека тој може да се примени само ако е донесена укинувачка одлука.
Во член 81 од Деловникот е утврдено правното дејство на поништувачка одлука, што значи дека и тој може да се примени само ако е донесена поништувачка одлука за закон или друг пропис кој го оценувал Уставниот суд.
Во иницијативата подносителот се повикува и на член 71 од Деловникот според кој Уставниот суд донесува решенија и во други случаи кога не одлучува за суштината на работата, од што се извлекува заклучок дека Судот врз основа на оваа одредба може да донесе и решение за изрекување на времена мерка, иако не е надлежен да одлучува за суштината на работата.
Меѓутоа, оваа алинеја од член 71 од Деловникот всушност ги офаќа решенијата за отфрлање на иницијативата и барањата кога не е надлежен за одлучува за суштината на работата или постојат процесни пречки за одлучување по суштината на работата.
Имајки ги предвид наводите во иницијативата и цитирани-
те одредби од Деловникот, Судот оцени дека не постојат причини за преиспитување на Решението на Судот У.бр.29/97 и за поинакво одлучување по сега поднесената иницијатива, поради што одлучи како во точката 1 од ова решение.
4. Ова решение Судот го донесе во состав од претседате-
лот на Судот д-р Јован Проевски и судиите Бахри Исљами, д-р Никола Крлески, Олга Лазова, д-р Стојмен Михајловски, д-р Милан Недков, Бесим Селими, д-р Јосиф Талевски и д-р Тодор Џунов. (У.бр.79/97)