60/1997-0-0

Вовед

Уставниот суд на Република Македонија, врз основа на член 110 од Уставот на Република Македонија и член 28 став 1 алинеја 1 од Деловникот на Уставниот суд на Република Македонија (“Службен весник на Република Македонија” бр.70/92), на седницата одржана на 28 мај 1997 година, донесе

Р Е Ш Е Н И Е

Текст

1. СЕ ОТФРЛА иницијативата за оценување уставноста и законитоста на

– член 3 и 4 од Законот за заштита од елементарни непогоди (“Сл. Весник на СРМ” бр.39/77, 47/89 и 27/90).

– член 217 од Законот за вонпроцесна постапка (“Сл. Весник на РМ” бр.19/79) и

– писмото на Јавното обвинителство на Македонија Го.бр.1096 од 20 јуни 1994 година.

2. На Уставниот суд на Република Македонија Мирко Јовановски од Скопје му поднесе барање за поведување постапка за оценување уставноста на законите наведени во точката 1 од ова решение и законитоста на писмото на Јавното обвинителство, затоа што во постапката пред судовите што ја водел подносителот на иницијативата несоодветно биле применети оспорените закони.

3. Разгледувајќи ја иницијативата, Судот утврди дека не е надлежен да одлучува по неа затоа што со неа не се бара оценување уставност на оспорените членови од наведените закони, туку нивна примена и затоа што оспореното писмо не претставува пропис во смисла на член 110 од Уставот на Република Македонија.

Според член 110 од Уставот на Република Македонија, Уставниот суд одлучува за согласноста на законите со Уставот и за согласноста на другите прописи и колективните договори со Уставот и законите.

Со оглед на изнесеното, Судот одлучи како во точката 1 од ова решение.

5. Ова решение Судот го донесе со мнозинство гласови во состав од претседателот на Судот д-р Јован Проевски и судиите Бахри Исљами, д-р Никола Крлески, Олга Лазова, д-р Стојмен Михајловски, д-р Милан Недков, Бесим Селими, д-р Јосиф Талевски и д-р Тодор Џунов. (У.бр.60/97)