Вовед
Уставниот суд на Република Македонија, врз однова на член 110 од Уставот на Република Македонија и член 28 од Деловникот на Уставниот суд на Република Македонија (Службен весник на Република Македонија” бр.70/92), на седницата одржана на 7 мај 1997 година, донесе
Р Е Ш Е Н И Е
Текст
1. СЕ ОТФРЛА иницијативата за поведување постапка за оценување уставноста на член 12 од Законот за преструктуирање на дел од претпријатијата кои во своето работење искажуваат загуби (“Службен весник на Република Македонија” бр.2/95 и 65/95).
2. На Уставниот суд на Република Македонија, Емил Османов адвокат од Скопје, му поднесе иницијатива за поведување постапка за оценување уставноста на член 12 од Законот означен во точката 1 од ова решение, затоа што со оспорената одредба се повредувале основните социјални, егзистенцијални и човекови права, што не било во согласност со член 32 став 3 од Уставот.
3. Според член 28 алинеја 2 од Деловникот на Уставниот суд на Република Македонија, Судот ќе ја отфрли иницијативата ако за истата работа веќе одлдучувал, а нема основи за поинакво одлучување.
Имајки предвид дека Судот, постапувајки по предметот У.бр.92/96, во кој предмет на оценување била целината на Законот за преструктуирање на дел од претпријатијата кои во своето работење искажуваат загуби, од аспект на неговата согласност со членовите 9 и 32 од Уставот, при што Судот со Решение У.бр.92/96 од 8 мај 1996 година ја отфрлил иницијативата бидејки утврдил дека Законот имал времен карактер и не е веке во правниот поредок на Република Македонија, што значи Судот за истата работа веке одлучувал, а нема основи за поинакво одлучување, поради што одлучи како во точката 1 од ова решение.
4. Ова решение Судот го донесе во состав од претседателот на Судот д-р Јован Проевски и судиите Бахри Исљами, д-р Никола Крлески, Олга Лазова, д-р Стојмен Михајловски, д-р Милан Недков, Бесим Селими, д-р Јосиф Талевски и д-р Тодор Џунов. (У.бр.66/97)