119/1996-0-0

Вовед

Уставниот суд на Република Македонија, врз основа на член 110 од
Уставот на Република Македонија и член 71 од Деловникот на Уставниот суд на
Република Македонија (“Службен весник на Република Македонија” бр.70/92), на
седницата одржана на 9 октомври 1996 година, донесе

Р Е Ш Е Н И Е

Текст

1. НЕ СЕ ПОВЕДУВА постапка за оценување законитоста на Одлуката за
измени и дополнувања на Деталниот урбанистички план на град Гостивар бр.
08-237/1, донесена од Собранието на Општина Гостивар на седницата одржана на 14
јуни 1994 година, во делот на КП.бр.2396.

2. На Уставниот суд на Република Македонија Велија Салију и други
граѓани од Гостивар поднесоа иницијатива за оценување законитост ана актот
означен во точката 1 од ова решение затоа што на КП.бр.2396 бил предвиден
индивидуалниот станбен објект, а во нацрт-планот кој бил ставен на јавна
расправа тој објект не бил вграден ниту произлегувал од забелешките од јавната
расправа, што не било во согласност со закон.

3. На седницата Судот утврди дека за донесување на Одлуката за измени
и дополнување на деталниот урбанистички план на град Гостивар била одржана
јавна расправа која траела 15 дена од 27 декември 1993 година до 12 јануари
1994 година, на која граѓаните дали свои писмени забелешки.

Притоа, во нацрт-планот кој бил ставен на јавна расправа на КП 2396 не
бил предвиден станбен објект.

Во извештајот (записник) од поднесените барања од правни и физички
лица во врска со забелешки и корекции на нацрт-планот со нивно образложение,
Судот утврди дека спорниот објект со габарит П*2 и КП.бр.2396 е внесен во
планот врз основа на забелешки од јавната рассправа (барање бр.283- бр.08
253/94).

4. Во член 19 од Законот за измени и дополнувања на Законот за
системот на просторното и урбанистичкото планирање (“Службен весник на СРМ” бр.
38/90) кој важеше во време на донесување на урбанистичкиот план, се определува
урбанистичкиот план да се изработува во две фази: нацрт на план и предлог на
план, при што нацртот на урбанистичкиот план задолжително се става на јавна
расправа, потоа граѓаните доставуваат забелешки во писмена форма и врз оснвоа
на забелешките што ќе се прифатат се подготвува предлог на план. Понатаму, во
член 22 од Законот се предвидува предлог-урбанистичкиот лан да се доставува на
собранието на општината, заедно со извештајот од јавната расправа и
образложението на забелешките кои не се прифатени, а според член 23 став 2 од
Законот, урбанистичкиот план за подрачјето на општината го донесува собранието
на општината.

Од изнесените законски одредби произлегува обврска за доносителот,
нацрт-урбанистичкиот план да го стави на јавна расправа пред граѓаните, а
граѓаните имаат право да дадат забелешки на предвидените решенијаа.

Имајќи ја предвид изнесената фактичка состојба одредбите од законот
кој важел во време на донесување на одлуката секоја измена на деталниот
урбанистички план што се однесува на урбанистичките парцели, намена, катност,
регулациони и градежни линии, габаритот на објектот, кои елементи треба да ги
содржи секој детален урбанистички план, претставува измена и дополнување на
урбанистичкиот план, за чие донесување е неопходно спроведување целокупна
постапка како и за донесување на урбанистичкиот план.

Со оглед на тоа што на КП.бр.2396 е предвиден објект П*2 врз основа на
забелешките на планот од јавната расправа, Судот оцени дека не може да се
постави прашањето за согласноста на тој дел од планот со означените одредби од
Законот.

Врз основа на изнесеното, Судот одлучи како во точката 1 од ова
решение.

Ова решение Судот го донесе во состав од претседателот на Судот д-р
Јован Проевски и судиите Бахри Исљами, д-р Никола Крлески, Олга Лазова, д-р
Стојмен Михајловски, д-р Милан Недков, Бесим Селими, д-р Јосиф Талевски и д-р
Тодор Џунов. (У.бр.119/96)