Уставниот суд на Република Македонија, врз основа на член 110 од Уставот на Република Македонија, член 28 алинеја 1, член 68 и член 71 алинеја 3 од Деловникот на Уставниот суд ла Република Македонија (” Службен весник на Република Македонија” бр.70/92), на седницата одржана на 18 септември 1996 година, донесе
Р Е Ш Е Н И Е
1. СЕ ОТФРЛА барањето на д-р Наде Проева од Скопје, за поведување постапка за заштита на слободите и правата на човекот и граѓанинот, што се однесуваат на слободата на уверувањето, свеста, мислата и јавното изразување на мислата од член 110 алинеја 3 од Уставот на Република Македонија.
2. На Уставниот суд на Република Македонија, д-р Наде Проева од Скопје му поднесе барање за поведување постапка за заштита на слободите и правата наведени во точка 1 од ова решение, затоа што како на универзитетски наставник и била нарушена слободата во оценување на студентите, со тоа што деканот на Филозофскиот факултет со наредба бр.0202-145/1 од 26 февруари 1996 година и решение бр. 11-543/3 од 7 јуни 1996 година (како и со повеќе други слични акти на деканот и деканатската управа) се овозможувало полагање на испиги пред комисија иако истите веќе биле спроведени од предметниот наставник.
Со таквиот начин на полагање на испити им се овозможувало на студентите кои губеле години или не излегувале на испит бидејќи биле свесни дека не научиле доволно за преодна оценка, да го положат испитот пред комисија со многу понизок испитен криериум од оној на предметниот наставник.
Со донесените односно преземени поединечни акти и дејствија од страна на деканот, се нарушувала слободата на универзитетскиот наставник во оценување на студентите, заради што подносителот на барањето смета дека е нарушена и слободата на уверувањето, совеста, мислата и јавното изразување на мислата утврдени во член 110 алинеја 3 од Уставот.
3. Судот на седницата утврди дека со член 16 став 1 од Уставот се гарантира слободата на уверувањето, совеста, мислата и јавното изразување на мислата.
Според член 32 став 5 од Уставот остварувањето на правата на вработените и нивната положба се уредуваат со закон и со колективни договори, а според член 46 од Уставот на универзитетот му се гарантира автономија, а условите за основање, вршење и престанок на дејноста на Универзитетот, се уредуваат со закон.
Според член 50 став 1 од Уставот секој граѓанин може да се повика на заштита на слободите и правата утврдени со Уставот, пред судовите и пред Уставниот суд на Република Македонија, во постапка заснована на начелата на приоритет и итност. Со ставот 2 од овој член на Уставот се гарантира судска заштита на законитоста на поединечните акти на државната управа и на другите инотшуции што вршат јавни овластувања.
Со член 110 алинеја 3 од Уставот се утврдува дека Уставниот суд на Република Македонија, покрај другото, ги штити слободите и правата на човекот и граѓанинот што се однесуваат на слободата на уверувањето, совеста, мислата и јавного изразување на мислата. Оценувањето на студентите се уредува со Законот за насоченото образование.
Притоа, според член 59 став 1 од Законот, оценувањето на студентите се врши јавно, според член 69 став 3 од Законот, испитите се полагаат пред предметниот наставник или пред испитна комисија, според член 71 од Законот, студентот кој не е задоволен од оценката добиена на испитот има право на приговор до работоводниот орган на организацијата за високо образование во рок од два дена од соопштувањето на оценката, а според член 76 став 2 од Законот, поблиски одредби за следењето, оценувањето и напредувањето и полагањето на испити на студентите, се утврдуваат со статутот на организацијата за високо образование.
Според тоа, Законот не се впушта во уредувањето на случаите кога испитот се полага пред наставннкот а кога пред испитна комисија, препуштајќи го тоа на етатутарно уредување.Тргнувајќи од иаведените уставни и законски одредби и од карактерот на слободата на уверувањето, совеста и мислата и јавното изразување на мислата, за чија заштита одлучува Уставниот суд, а имајќи го предвид предметното барање за заштита на слободата на универзитетскиот наставник во оценување на студентите, според мислењето на Судот, слободата на универзитетскиот наставник вооценување на студентите и евентуалното нејзино ограничување, не може да се подведе под корпусот на основни слободи и права на човекот и граѓанинот што се однесувант на слободата на уверуван.ето, еовеета, мислата и јавното изразување на мислата, кои инаку, согласно член 110 алинеја 3 од Уставот, ги штити Уставниот суд. Исто така, Судот смета дека актите и дејствијата што работоводниот орган на високошколската организација ги донесувал одпоспо преземал во процесот на организирање на работата, а кои се однесувале на режимот на оценување на етудентите, при што овозможувал полагаље на испити пред комисија иако истите веќе биле спроведени од предметниот наставник, се фактички прашања за кои не е надлежен да одлучува Уставниот суд, а за евентуалната нивна злоупотреба е обезбедна друга управна и судска заштита.
4. Врз основа на изнесеното, Судот одлучи како во точката 1 од ова решение.
5. Ова решение Судот го донесе во состав од претседателот на Судот д-р Јован Проевски и судлите Бахри Исљами, д-р Никола Крлески, Олга Лазова, д-р Стојмен Михајловски, д-р Милап Недков, Бесим Селими, д-р Јосиф Талевски и д-р Тодор Џунов.
У.бр.170/1996
18 септември 1996
С к о п ј е