Вовед
Уставниот суд на Република Македонија, врз основа на член 110 од Уставот на Република Македонија и член 28 став 1 алинеја 1 и 2 од Деловникот на Уставниот суд на Република Македонија (“Службен весник на Република Македонија” бр.70/92), на седницата одржана на 12 јуни 1996 година, донесе
Р Е Ш Е Н И Е
Текст
1. СЕ ОТФРЛА иницијативата за оценување уставноста и законитоста на Правното мислење за наплата на затезна камата при присилно извршување, донесено од Врховниот суд на Република Македонија на 26 февруари 1996 година и Инструкцијата за на чинот на пресметување на затезната камата бр.247/1 од 1 март 1996 година, донесена од директорот на Заводот за платен промет.
2. На Уставниот суд на Република Македонија Приватното претпријатие “Вилком” од Битола и Економско правно биро – БС му поднесоа иницијатива за оценување уставноста и законитоста на актите означени во точката 1 од ова решение затоа што со нив се врши измена на член 1 од Законот за висината на стапката на затезната камата и што правното мислење не е во согласност со член 52 од Уст авот, затоа што се применува ретроактивно и на побарувањата кои датираат од претходните години.
3. Разгледувајќи ја иницијативата Судот утврди дека со решение У.бр.86/96 од 3 април 1996 година го отрфлил барањето за оценување уставноста и законитоста на оспорените акти, затоа што оценил дека тие не претставуваат пропис во смисла на член 110 од Уставот на Република Македонија, туку се донесени со цел за обезбедување на еднаква примена на законот.
Со оглед на тоа што Судот веќе одлучувал за оспореното правно мислење и инструкцијата на директорот на Заводот за платен промет, а по повод на новоподнесената иницијатива не наоѓа основ за поинакво одлучување, одлучи како во точката 1 од ова решение.
4. Ова решение Судот го донесе во состав од претседателот на Судот д-р Јован Проевски и судиите Бахри Исљами, д-р Никола Крлески, Олга Лазо ва, д-р Стојмен Михајловски, д-р Милан Недков, Бесим Селими, д-р Јосиф Талевски и д-р Тодор Џунов. (У.бр.136/96 и 151/96)