Вовед
Уставниот суд на Република Македонија, врз основа на член 110 од Уставот на Република Македонија, и член 28 став 1 алинеја 2 од Деловникот на Уставниот суд на Република Македонија (“Службен весник на Република Македонија” бр.70/92), на седницата одржана на 8 мај 1996 година, донесе
Р Е Ш Е Н И Е
Текст
1. СЕ ОТФРЛА иницијативата за преиспитување на Решението У.бр.256/95 од 17 јануари 1996 година со кое Судот
2. На Уставниот суд на Република Македонија, Димитровски Марјан од Охрид му поднесе иницијатива за преиспитување на решението означено во точката 1 од ова решение, затоа што: било донесено врз основа на фалсификувани акти од страна на Собранието на Општината Охрид; не постоело стручно мислење на Заводот за заштита на спомениците на културата и што Судот не се впуштил во оценка на меѓусебната усогласеност на Основниот со Деталниот урбанистички план.
3. Разгледувајќи ја иницијативата, Судот на седницата утврди дека во постапката при донесувањето на оспорената одлука била изготвена Ревизија на нацрт-планот од Архитектонскиот факултет во Скопје на 20 јануари 1994 година; во Подрачната организациона единица била спроведена јавна расправа на 16 февруари 1994 година; во Собранието на Општината била спроведена јавна расправа по Планот на 18 февруари 1994 година; биле обезбеддени претходни мислења по предлог-планот од: Подрачната организациона единица, Собранието на Општината, Републичкиот завод за заштита на природните реткости и Заводот за заштита на спомениците на културата. Исто така, Судот утврди дека при оценувањето на оспорената одлука го имал предвид прашањето за согласноста на основниот со деталниот урбанистички план, при што се раководел од членот 32 од Законот за просторното и урбанистичкото планирање, според кој републичкиот орган на управа надлежен за работите на урбанизам ја цени меѓусебната усогласеност на плановите врз основа на што дава согласност на Предлог-деталниот урбанистички план. Согласно оваа одредба од Законот, Министерството за урбанизам, градежништво и заштита на животната средина на 7 април 1995 година издало согласност на Предлог-деталниот урбанистички план за ова подрачје.
Имајќи го предвид изнесеното, Судот оцени дека нема основа за поинакво одлучување, поради што согласно член 28 став 1 алинеја 2 од Деловникот на Судот, според кој Уставниот суд ќе ја отфрли иницијативата ако за истата работа веќе одлучувал, а нема основи за поинакво одлучување, одлучи како во точката 1 од ова решение.
4. Ова решение Судот го донесе во состав од судиите Бахри Исљами, д-р Никола Крлески, Олга Лазова, д-р Стојмен Михајловски, д-р Милан Недков, Бесим Селими, д-р Јосиф Талевски и д-р Тодор Џунов (У.бр.75/96).