85/1996-0-0

Вовед

Уставниот суд на Република Македонија, врз основа на член 110 од Уставот на Република Македонија и член 71 од Деловникот на Уставниот суд на Република Македонија (“Службен весник на Република Македонија” бр.70/92), на седницата одржана на 3 април 1996 година, донесе

Р Е Ш Е Н И Е

Текст

1. СЕ ОТФРЛА иницијативата за оценување уставноста и законитоста на член 25 од Правилникот за заедничките критериуми и мерила за решавање на станбените прашања на работниците во Земјоделско индрустрискиот комбинат Струмица – Друштво со ограничена одговорност “Моша Пијаде” во Струмица.

2. На Уставниот суд на Република Македонија Јовка Василева од Струмица му поднесе иницијатива за оценување уставноста и законитоста на член 25 од актот означен во точката 1 од ова решение, затоа што со него била дадена можност и семејство од три члена да добие стан со површина од 80 м2, што не било во согласност со Уставот, законот и општествениот договор.

3. Разгледувајќи ја иницијативата, Судот оцени дека Правилникот не претставува пропис во смисла на член 110 од Уставот поради што не е надлежен да ја оценува уставноста и законитоста на тој акт, па одлучи како во точката 1 од ова решение.

4. Ова решение Судот го донесе во состав од претседателот на Судот д-р Јован Проевски и судиите Бахри Исљами, д-р Никола Крлески, Олга Лазова, д-р Стојмен Михајловски, д-р Милан Недков, Бесим Селими, д-р Јосиф Талевски и д-р Тодор Џунов. (У.бр.85/96)