Вовед
Уставниот суд на Република Македонија, врз основа на член 110 од Уставот на Република Македонија, член 47 алинеја5 од Деловникот на Уставниот суд на Република Македонија (“Службен весник на Република Македонија” бр.70/92), на седницата одржана на 28 февруари 1996 година, донесе
Р Е Ш Е Н И Е
Текст
1. СЕ ЗАПИРА постапката за оценување уставноста на Упатството за постапката за издавање одобрение за адаптација (пренамена) и за Решение за употреба на адаптација (пренамена) на постојните објекти со што се адаптира (пренаменува) одреден простор за вршење на соодветна дејност, донесено од Министерот за урбанизам, градежништво и екологија, на 7 април 1995 година.
2. Уставниот суд на Република Македонија, со решение У.бр.269/95 од 22 ноември 1995 година поведе постапка за оценување уставноста на упатството означено во точката 1 од ова решение, затоа што истото, како правен акт во смисла на член 110 од Уставот на Република Македонија не содржеше одредба за негово објавување во “Службен весник на Република Македонија”, поради што основано се постави прашањето за неговата согласност со Уставот.
3. Судот на седницата утврди дека Министерот за урбанизам, градежништво и еконологија, во својство на доносител на оспроениот акт, го објави Упатството во “Службен весник на Република Македонија” бр.8/96.
4. Согласно член 47 алинеја 5 од Деловникот на Уставниот суд на Република Македонија, Судот ќе ја запре постапката за оценување уставноста на оспорените акти ако во текот на истата престанат процесните претпоставки за нејзино водење.
Со оглед на тоа дека оспроеното упатство, во текот на постапката е усогласено со Уставот на Република Македонија, Судот оцени дека престанале процесните претпоставки за натамошно водење на постапката, па одлучи како во точката 1 од ова решение.
5. Ова решение Судот го донесе во состав од претседателот на Судот д-р Јован Проевски и судиите Бахри Исљами, д-р Никола Крлески, Олга Лазова, д-р Стојмен Михајловски, д-р Милан Недков, Бесим Селими, д-р Јосиф Талевски и д-р Тодор Џунов. (У.бр.269/95)