184/1995-0-0

Вовед

Уставниот суд на Република Македонија, врз основа на член 110 од Уставот на Република Македонија и член 28 од Деловникот на Уставниот суд на Република Македонија (“Службен весник на Република Македонија” бр.70/92) на седницата одржана на 28 декември 1995 година, донесе

Р Е Ш Е Н И Е

Текст

1. СЕ ОТФРЛА иницијативата за оценување законитоста на Програмата за продажба на деловни згради и деловни простории на Република Македонија за 1994 година, донесена од Владата на Република Македонија.
2. На Уставниот суд на Република Македонија Мирко Павиќ адвокат од Кичево му поднесе иницијатива за поведување постапка за оценување законитоста на актот означен во точката 1 од ова решение, затоа што тој не бил во согласност со член 3 став 1 алинеја 2 од Законот за продажба на деловни згради и деловни простории, според кој предмет на продажба не можат да бидат деловни простории во кои се обавува адвокатска дејност како интегрален дел на јавна служба.
3. На седницата Судот утврди дека согласно член 15 од Законот за продажба на деловни згради и деловни простории на Република Македонија продажбата на деловниот простор ќе се врши според годишна програма што ја носи Владата на Република Македонија.
Во Програмата се утврдува деловниот простор кој ќе се продава динамиката на продажбата и слично.
Со оспорената Програма за продажба на деловни згради и простории се уредуваат прашањата кои се однесуваат на физичкиот обем на деловниот простор што е предмет на продажба, основни податоци и скица за основата на секоја деловна единица што е предмет на продажбата, почетна цена на чинењето на секоја деловна единица што е предмет на продажбата изразена во ДЕМ. и денари по еден м2, органи за спорведување и извршување на програмата и динамиката на продажбата односно реализацијата на програмсксите предвидувања на подрачните единици или градови.
Понатаму Судот утврди дека во Програмата е превземена одредбата на член 3 од Законот за продажба на деловни згради и деловни простории во која е предвидено дека при оценката на предметот на продажбата на деловниот простор не е земен предвид просторот што го користат за вршење на својата дејност државните органи, јавните служби, органите на локалната самоуправа, политичките партии и здруженија на граѓани.
4. Разгледувајќи ја иницијативата, Судот утврди дека оспорената програма не претставува пропис восмисла на член 110 од Уставот на Република Македонија за што Уставниот суд не е надлежен да одлучува.
5. Во врска со наводите во иницијативата дека согласно Законот деловната просторија во која подносителот обавувал адвокатска дејност, неможела да биде предмет на продажба е фактичко прашање за кое Уставниот суд на Република Македонија не е надлежен да одлучува.
6. Ова решение Судот го донесе во состав од претседателот на Судот д-р Јован Проевски и судиите Бахри Исљами, д-р Никола Крлески, Олга Лазова, д-р Стојмен Михајловски, д-р Милан Недков, Бесим Селими, д-р Јосиф Талевски ид-р Тодор Џунов.У.бр.184/95