309/1995-0-0

Вовед

Уставниот суд на Република Македонија, врз основа на член 110 од Уставот на Република Македонија и член 71 од Деловникот на Уставниот суд на Република Македонија (“Службен весник на Република Македонија” бр.70/92), на седницата одржана на 20 декември 1995 година, донесе

Р Е Ш Е Н И Е

Текст

1. НЕ СЕ ПОВЕДУВА постапка за оценување уставноста и законитоста на
2. На Уставниот суд на Република Македонија Акционерското друштво во мешовита сопственост за угостителство и туризам “Изгрев” во Струга, му поднесе иницијатива за поведување постапка за оценување на уставноста и законитоста на членовите од одлуката означена во точката 1 од ова решение, затоа што со неа се овластува само ЈП “Комунално” во Струга да врши собирање, изнесување и депонирање на смет во градот и селските населби со што се нарушува начелото на слобода на пазарот и предприемаштвото и еднаква правна положба на субјектите на пазарот. Исто така во иницијативата се наведува дека член 18 став 3 од Одлуката не е во согласност со Законот за угостителска и туристичка дејност, затоа што во угостителските објекти дејноста се обавува сезонски па според тоа надоместокот за собирање и изнесување на смет треба да се плати само за тие месеци а не во текот на целата година.
3. На седницата Судот утврди дека со оспорената одлука се уредуваат прашања за условите и начинот на одржување на комуналната хигиена на подрчајето на општина Струга.
Понатаму, Судот утврди дека во член 4, член 8 став 3, член 15 став 1, член 18, член 19, член 21 став 1, член 23, член 26 став 1, член 41, член 42, член 45 став 3 и член 46 став 1, 3 и 4 од оспорената одлука е предвидено дека одржувањето на хигиената на јавните сообраќајни површини, на јавните санитарни јазли на управувањето со депонијата во Струга со надоместок ќе го врши јавното претпријатие “Комунално” од Струга.
4. Исто така Судот утврди дека во член 18 став 3 од Одлуката е предвидено дека корисниците на услугите од став 1 на овој член со писмено известување можат да го откажат изнесувањето на сметот од страна на “Комунално” само во случај на рушење на објектот и промена на неговиот сопственик или корисник.
5. Според член 114 од Уставот единици на локалната самоуправа се општините.
Според член 115 од Уставот во единиците на локалната самоуправа граѓаните непосредно и преку претставници учествуваат во одлучувањето за прашања од локално значење а особено од областа на урбанизмот, комуналните дејности, културата, спортот, социјалната и детската заштита, предучилишното воспитание, основното образование, основната здравствена заштита и друго.
Според член 55 од Уставот, пак, се гарантира слободата на пазарот и претприемништвото. Републиката обезбедува еднаква правна положба на субјектите на пазарот.
Според член 2 на Законот за локална самоуправа единици на локална самоуправа се општините и градот Скопје.
Општината е единица на локална самоуправа во која граѓаните го остваруваат правото на локално самоуправување во областите утврдени во Уставот со овој и со друг закон.
Според член 17 став 1 точка 9 од наведениот закон, единиците на локалната самоуправа самостојно покрај другото ги уредуваат и организираат работите сврзани со јавната чистота во согласност со закон.
Од наведените одредби произлегува дека општината согласно Уставот како единица на локална самоуправа е надлежна да го уредува прашањето кое се однесува на јавната чистота на нејзиното подрачје, при што на јавните претпријатија кои вршат дејност од интерес за државата и локалната самоуправа или кои сеосновани од државата или локалната самоуправа не може да се применува начелото на слобода на пазарот утврдено во член 55 од Уставот односно на овие претпријатија не можат да делуваат законитостите на пазарот.
Ова произлегува од фактот што овие претпријатија не можат слободно да ги формираат цените на своите производи и услуги и не можат слободно или само под услови што тие ќе ги предвидат да ја вршат дејноста, туку тие секогаш делуваат под услови и под контрола на државата или органите на локалната самоуправа.
Поаѓајќи од вака поставената положба на овие претпријатија кои вршат дејност од интерес за државата или локалната самоуправа и чие вршење на дејност има монополска положба, Судот смета дека општината со свој пропис, покрај другото, може да го определи начинот и условите на наплатувањето на комуналните услуги и условите и случаите под кои сопствениците и корисниците на комуналните услуги ќе можат да бидат ослободени од плаќање на надоместокот.
6. Со оглед на изнесеното, Судот одлучи како во точкат 1 од ова решение.
7. Ова решение Судот го донесе во состав од претседателот на Судот д-р Јован Проевски и судиите Бахри Исљами, д-р Никола Крлески, Олга Лазова, д-р Стојмен Михајловски, д-р Милан Недков, Бесим Селими д-р Јосиф Талевски и д-р Тодор Џунов. (У.бр.309/95).