164/1995-0-0

Вовед

Уставниот суд на Република Македонија, врз основа на членовите 110 и 112 од Уставот на Република Македонија и член 70 алинеја 1 од Деловникот на Уставниот суд на Република Македонија (“Службен весник на Република Македонија” бр.70/92), на седницата одржана на 22 ноември 1995 година, донесе

О Д Л У К А

Текст

1. СЕ ПОНИШТУВА Одлуката за усвојување на изменување и дополнување на Одлуката за пристапување кон изменување и дополнување на Деталниот урбанистички план на град Гостивар, бр.08-76/1, донесена од Собранието на Општина Гостивар на 21 март 1995 година, во делот што се однесува на ставање вон сила на дел од урбанистичкиот план и на забрана на издавање поединечни акти в рз Планот.

2. Оваа Одлука произведува правно дејство од денот на објавувањето во “Службен весник на Република Македонија”.

3. Уставниот суд на Република Македонија, на иницијатива од Тапи Љуши од Гостивар, со Решение У.бр.164/95 од 27 септември 1995 година, поведе постапка за оценување законитоста на дел од прашањето за неговата со гласност со одредбите од Законот за системот на просторното и урбанистичкото планирање.

4. На седницата Судот утврди дека со оспорената одлука се врши дополнување на Одлуката за пристапување кон изменување и дополнување на Деталниот урбанистичкиот план на град Гостивар, бр.08-409/1, донесена од Собранито на Општината на 8 ноември 1994 година, при што се определува дека, до завршување на постапката за изменување и дополнување на Планот, се става вон сила урбанистичкото решение за аголот на улицата “ЈНА” и улицата “Браќа Гиновски” на КП.бр.1227/1 и се забранува издавање на поединечни акти. Понатаму, се определува јавната расправа по нацрт-измените на Планот да трае 15 дена од денот на неговото ставање на јавен увид и дека расправата ќе ја спроведе подрачната единица на Министерството за урбанизам во Гостивар. Судот исто така, утврди дека Одлуката не била ставена на увид пред граѓаните и дека по неа не била оргбанизирана расправа од граѓанитге.
Од изнесената фактичка состојба, според мислењето на Судот, произлегува дека со дел од оспорената одлука, со предвидувањето да се стави вон сила дел од Урбанистичкиот план и да се забрани издавање на поединечни акти за тој дел од Планот, всушност се врши изменување и дополнување на Деталниот урбанистички план, при што не бил обезбеден увид и не била организирана јавна расправа.

5. Според член 37 став 2 од Законот за системот на просторното и урбанистичкото планирање (“Службен весник на СРМ” бр.38/85, 18/89 и 38/90) изменувањата и дополнувањата на урбанистичките планови се вршат на начин и постапка пропишани со овој закон за нивното донесеување, а во член 31 од Законот се пропишува дека нацрт-урбанистичкиот план задолжи- телно се става на јавна расправа (став 2), заради овозможување граѓаните да изнесуваат забелешки (став 4), в рз основа на што потоа се подготвува предлог на план (став 6), кој, согласно член 34 став 2 од Законот, го донесу ва соб ранието на општината, по претходна согласност на републичкиот орган на управата надлежен за работите на урбанизмот (член 32).
Со оглед на тоа што со делот на одлуката означен во точката 1 од оваа одлука се врши изменување и дополнување на Планот без да биде обезбедена пост апката пропишана со наведените законски одредби, Судот оцени дека наведениот дел од Одлуката не е во согласност со означените одредби од Законот за сисетемот на просторното и урбанистичкото планирање, поради што одлучи како во точката 1 од оваа одлука.

6. Што се однесува, пак, до видот на интервенцијата, Судот одлучи да го поништи нав едениот дел од одлуката означена во точката 1 од оваа одлука, затоа што оцени дека се исполнети условите определени во член 73 од Деловникот на Судот.

7. Оваа одлука Судот ја донесе во состав од претседателот на Судот д-р Јован Проевски и судиите д-р Никола Крлески, Олга Лазова, д-р Стојмен Михајловски, д-р Милан Недков, Бесим Селими, д-р Јосиф Талевски и д-р Тодор Џунов. У.бр.164/95