290/1995-0-0

Вовед

Уставниот суд на Република Македонија, врз основа на член 110 од Уставот на Република Македонија и член 28 алинеја 2 од Деловникот на Уставниот суд на Република Македонија, на седницата одржана на 12 октомври 1995 година, донесе

Р Е Ш Е Н И Е

Текст

1. СЕ ОТФРЛА иницијативата за оценување уставноста на Законот за трансформација на претпријатијата со општествен капитал (“Службен весник на Република Македонија” бр.38/93).
2. На Уставниот суд на Република Македонија, Васил Мојсовски од Скопје му поднесе иницијатива за оценување уставноста на законот означен во точката 1 на ова решение, затоа што содржел нејасни формулации во врска со општествениот капитал, што било несогласно со Уставот.
3. Судот на седницата утврди дека со решение У.бр.170/93 од 20 април 1994 година и решенија У.бр.117/95, У.бр.168/95 и У.бр.172/95 не повел постапка за оценување уставноста на Законот за трансформација на претпријатијата со општествен капитал.
Согласно член 28 алинеја 2 од Деловникот на Уставниот суд на Република Македонија, Судот ?е ја отфрли иницијативата ако за истата работа ве?е одлучувал, а нема основи за поинакво одлучување.
Со оглед на тоа што оспорениот закон бил предмет на оценка пред Судот во целост, а нема основи за поинакво одлучување, Судот одлучи како во точката 1 на ова решение.
4. Ова решение Судот го донесе во состав претседателот на Судот д-р Јован Проевски, судиите Бахри Исљами, д-р Никола Крлески, Олга Лазова, д-р Стојмен Михајловски, д-р Милан Недков, Бесим Селими, д-р Јосиф Талевски и д-р Т одор Џунов.У.бр.290/95