Вовед
Уставниот суд на Република Македонија, врз основа на член 110 од Уставот на Република Македонија и член 70 алинеја 1 од Деловникот на Уставниот суд на Република Македонија (“Службен весник на Република Македонија” бр.70/92), на седницата одржана на 4 октомври 1995 година, донесе
О Д Л У К А
Текст
1. СЕ ПОНИШТУВА Одлуката за измена и дополнување на Деталниот урбанисти чки план за просторот помеѓу улица “Кумановска” и “Кичевачка” на КП.бр.485/4 со дел од КП.бр.231/1 во Свети Николе, донесена од Собранието на Општина Свети Николе на седницата одржана на 29 декември 1994 година.
2. Оваа одлука произведува правно дејство од денот на објавувањето во “Службен весник на Република Македонија”.
3. Уставниот суд по поднесена иницијатива од Иљо Митев од Свети Николе, поведе постапка за оценување законитоста на Одлуката озна чена во то чката 1 од оваа одлука затоа што основано се постави прашањето за нејзината согласност со членовите 31, 32 и со член 37 став 2 од Законот за системот на просторното и урбанисти чкото планирање (“Службен весник на СРМ” бр.38/85 и 38/90).
4. Судот на седницата утврди дека со оспорената одлука се изменува и дополнува Деталниот урбанисти чки план за просторот помеѓу улица “Кумановска” и Улица “Кичевачка” во Свети Николе, за КП.бр.485/4 со дел од КП.бр.231/2 и Кп.бр.385/8, со тоа што ќе се дооформат наведените катастарски парцели. Судот, исто така, врз основа на известувањето на Општина Свети Николе, утврди дека по Нацртот на Планот не е спроведена јавна расправа со излагање на Планот во просториите на месната заедница и дека претходно не е дадена согласност за неговото донесување од Министерството за урбанизам, градежништво и заштита на животната средина.
5. Според член 31 од Законот за системот на просторното и урбанистичкото планирање, просторниот и урбанисти чкиот план се изработуваат во две фази: нацрт на план и предлог на план. Нацртот на просторниот и урбанисти чкиот план задолжително се ставаат на јавна расправа, која ја спроведува органот надлежен за работите на урбанизмот. Јавната расправа се спроведува со излагање на плановите најмалку 15 дена во соодветна просторија на месната заедница, а забелешките на граѓаните и другите заинтересирани субјекти се доставуваат до органот надлежен за работите на урбанизмот во писмена форма во рок од 15 дена од завршувањето на јавната расправа. Врз основа на прифатените забелешки се подготвува предлог на планот, а според член 37 став 2 од Законот, измени и дополнувања на просторен и урбанисти чки план се вршат на на чин и постапка пропишана со овој Закон.
Во член 32 од Законот е предвидено дека урбанисти чкиот план, пред донесувањето, задолжително се доставува на согласност на републи чкиот орган на управата надлежен за работите на урбанизмот.
Поаѓајќи од изнесената факти чка положба по предметот според мислењето на Судот оспорената одлука не била ставена на јавна расправа со излагање на Планот во просторија на месната заедница и дека на Предлгот на Планот не е дадена согласност од надлежниот орган на управата, што зна чи дека оспорената одлука не е донесена во постапка пропишана со Законот поради што Судот оцени дека не е во согласност со озна чените законски одредби.
6. Врз основа на изнесеното, Судот одлучи како во точката 1 од оваа одлука.
7. Оваа одлука Судот ја донесе со мнозинсство гласови во состав од претседателот на Судот д-р Јован Проевски и судиите Бахри Исљами, д-р Никола Крлески, Олга Лазов а, д-р Стојмен Михајловски, д-р Милан Недков, Бесим Селими, д-р Јопсиф Талевски и д-р Тодор Џунов. У.бр.15/95