Вовед
Уставниот суд на Република Македонија, врз основа на член 110 од Уставот на Република Македонија член 28 став 1 алинеја 1 и член 71 алинеја 3 од Деловникот на Уставниот суд на Република Македонија (“Службен весник на Република Македонија” бр.70/92, на седницата одржана на 20 септември 1995 година, донесе
Р Е Ш Е Н И Е
Текст
1. СЕ ОТФРЛА иницијативата за поведување постапка за оценување уставноста и законитоста на Одлуката за распределба на плати на вработените во Централното основно училиште “Благој Ќирков” од Титов Велес бр.8339/3, донесена од Советот на училиштето на 11 мај 1993 година.
2. На Уставниот суд на Република Македонија Василка Донева, Павле Илиев, Цветанка Ќиркова и други граѓани од Титов Велес му поднесоа иницијатива за поведување постапка за оценување уставноста и законитоста на одлуката означена во точката 1 од ова решение, затоа што не била во согласност со член 32 став 5 од Уставот со членовите 25 – 33 од Статутот на Училиштето и со Одлуката бр.03-23, донесена со референдум на 31 март 1993 година.
3. Судот на седницата утрди дека оспорената одлука не е пропис во смисла на одредбите од членовите 51, 52 и 110 од Уставот на Република Македонија и е неподобна за уставно-судско оценување поради што најде дека не е надлежен да одлучува за нејзината уставност и законитост.
4. Врз основа на изнесеното Судот одлучи како во точката 1 од ова решение.
5. Ова решение Судот го донесе во состав од претседателот на Судот д-р Јован Проевски и судиите Бахри Исљами, д-р Никола Крлески, Ол га Лазова, д-р Стојмен Михајловски, д-р Милан Недков, Бесим Селими, д-р Јосиф Талевски и д-р Тодор Џунов. У.бр.