Вовед
Уставниот суд на Република Македонија, врз основа на член 110 алинеја 2 од Уставот на Република Македонија и членовите 28 и 71 од Деловникот на Уставниот суд на Република Македонија (“Службен весник на Република Македонија” бр.70/92), на седницата одржана на 6 септември 1995 година, донесе
Р Е Ш Е Н И Е
Текст
1.СЕ ОТФРЛА иницијативата за поведување постапка за оценување уставноста на Одлуката за ценовник Тарифа на услугите што ги врши О.П.”Топлификација” Скопје преку дистрибуција на топлинска енергија на подра чјето на град Скопје, бр. 2-11201 донесена од Работничкиот совет на Претпријатието на 27 декември 1989 година.
2. На Уставниот суд на Република Македонија, Петар Џундев, Предраг Кушевски и Славе Трајковски сите од Скопје, му поднесоа иницијатива за поведување постапка за оценување уставноста на Одлуакта означена во точката 1 од ова решение, затоа што со неа граѓаните-корисници на топлинската енергија со вградени мернорегулациони уреди за мерење на потрошената топлинска енергија за затоплување на објектите во кои живееле се задолжувале да плаќаат по два основа и тоа: за потрошената топлинска енергија регистрирна од мерачот како киловат час и за фиксни трошоци, што не било случај со граѓаните-корисници на топлинска енергија кои таа енергија ја плаќале по квадратен метар. На тој начин, граѓаните-корисници на топлинска енергија со вградени мерачи се ставале во нееднаква положба во однос на граѓаните-корисници на топлинска енергија што ја плаќале по квадратен метар што не било во согласност со член 9 од Уставот на Република Македонија.
3. Судот на седницата утврди дека оспорената одлука е укината од страна на Уставниот суд со Одлука У.бр.167/91 од 1 јули 1992 година и дека таа е објавена во “Службен весник на Република Македонија” бр.53/92. Со оглед на тоа, Судот оцени дека нема процесни
претпоставки за одлучување по иницијативата, поради што одлучи како во точката 1 од ова решение.
4. Ова решение Судот го донесе во состав од претседателот на Судот д-р Јован Проевски и судиите Бахри Исљами, д-р Никола Крле ски, Олга Лазова, д-р Стојмен Михајловски, д-р Милан Недков, Бесим Селими, д-р Јосиф Талевкси и д-р Тодор Џунов.(У.бр.231/95)