108/1995-0-0

Вовед

Уставниот суд на Република Македонија, врз основа на член 110 од Уставот на Република Македонија и член 28 алинеја 1 и член 71 алинеја 3 од Деловникот на Уставниот суд на Република Македонија “Службен весник на Република Македонија” бр.70/92) на седницата одржана на 19 јули 1995 година донесе

Р Е Ш Е Н И Е

Текст

1. СЕ ОТФРЛА иницијативата за оценување законитоста на Правилникот за систематизација на работните места на Републичкиот завод за вработување во Скопје, донесен на 2 декември 1994 година.
2. На Уставниот суд на Република Македонија Марјанчо Младеновски и други работници од Куманово му поднесоа иницијатива за поведување постапка за оценување законитоста на правилникот означен во точката 1 од ова решение, затоа што во него при утврдување на условите за работните места е предвиден само степенот, а не и видот на потребната стручна подготовка што не било во согласнот со Уставот и законот.
3. Разгледувајќи ја иницијативата Судот утврди дека оспорениот Правилник не е пропис донесен од Републичкиот завод за вработување во вршењето на јавни овластувања утврдени со Закон, туку е акт на организацијата со кој се уредуваат прашањата на работните односи на вработените во Заводот, кој согласно членовите 51, 52 и 110 од Уставот на Република Македонија не е подобен за уставно-судска оценка.
Со оглед на изнесеното, Судот одлучи како во точката 1 од ова решение.
4. Ова решение Судот го донесе со мнозинство гласови во состав од претседателот на Судот д-р Јован Проевски и судиите Бахри Исљами, д-р Никола Крл ески, д-р Стојмен Михајловски, д-р Милан Недков, Бесим Селими, д-р Јосиф Талевски и д-р Тодор Џунов.У.бр.108/95