236/1995-0-0

Вовед

Уставниот суд на Република Македонија, врз основа на член 110 од Уставот на Република Македонија и член 28 став 1 алинеја 2 од Деловникот на Уставниот суд на Република Македонија (“Службен весник на Република Македонија” бр.70/92), на седницата одржана на 5 јули 1995 година, донесе

Р Е Ш Е Н И Е

Текст

1. СЕ ОТФРЛААТ иницијативите за поведување постапка за оценување уставноста на член 19 став 1 и член 33 од Законот за пензиското и инвалидското осигурување (“Службен весник на Република Македонија” бр.80/93, 3/94 и 14/95).
2. На Уставниот суд на Република Македонија Стојче Ристовски од Австралија и Васил Велковски од Скопје, му поднесоа иницијативи за поведување постапка за оценување уставноста на одредбите од Законот означени во точката 1 од ова решение, затоа што начинот на кој се пресметувала пензиската основица и висината на пензијата според овие одредби не биле во согласност со принципот на еднаквост утврден во Уставот, со тоа што новите пензионери ги доведувал во нерамноправна и понеповолна положба во однос на тие што оствариле право на пензија по поранешните прописи.
3. Судот на седницата утврди дека со Решение У.бр.205/94 од 18 јануари 1995 година, не повел постапка за оценување уставноста на оспорените одредби, затоа што оценил дека тие се во согласност со Уставот.
Со оглед на тоа што за истата работа Судот веќе одлу чувал, а по повод на поднесените иницијативи не наоѓа основи за поинакво одлучување, одлучи како во точката 1 од ова решение.
4. Ова решение Судот го донесе во состав од претседателот на Судот д-р Јован Проевски и судиите Бахри Исљами, д-р Никола Крлеск и, Олга Лазова, д-р Стојмен Михајловски, д-р Милан Недков, Бесим Селими, д-р Јосиф Талевски и д-р Тодор Џунов.У.бр.236/95, 237/95