119/1995-0-0

Вовед

Уставниот суд на Република Македонија, врз основа на член 110 од Уставот на Република Македонија и член 70 став 1 алинеја 1 од Деловникот на Уставниот суд на Република Македонија (“Службен весник на Република Македонија” бнр.70/92), на седницата одржана на 28 јуни 1995 година, донесе

О Д Л У К А

Текст

1. СЕ УКИНУВА член 66 од Колективниот договор на АД ОХИС-Скопје, донесен во декември 1994 година.
2. Оваа одлука произведува правно дејство од денот на објавувањето во “Службен весник на Република Македонија”.
3. Уставниот суд на Република Македонија, по поднесена иницијатива на Ристо Новоселски од Скопје поведе постапка за оценување уставноста и законитоста на член 66 од колективниот договор означен во точка 1 од оваа одлука, затоа што се постави прашањето за неговата согласност со уставното начело на еднаквост.
4. Судот на седницата утврди дека според оспорениот член 66 од колективниот договор, работникот има право на додаток на основната плата по основ на работен стаж и тоа 0,2% за секоја започната година работен стаж и о,5% за секоја измината година работен стаж кај работодавецот, што значи дека работникот кој работниот стаж го остварил во друга организација добива 0,2%, а работникот кој стажот го остварил во друга организација и во “ОХИС” добива о0,7%.
5. Според член 9 став 2 од Уставот, граѓаните пред Уставот и законите се еднакви.
Според член 32 став 3 и 5 од Уставот на Република Македонија секој вработен има право на соодветна заработувачка.
Остварувањето на правата на вработените и нивната положба се уредуваат со закон и со колективни договори. Според член 69 од Законот за работните односи, работникот има право на плата.
Платата на работникот му се обезбедува од средства на работодавецот сразмерно на извршената работа како и придонесот на работникот во создавањето на добивката во согласност со условите и критериумите утврдени со закон и колективен договор.
Од изнесеното произлегува дека секој вработен има право на соодветна заработувачка сразмерно на извршената работа како и придонесот во работата во согласност со условите утврдени со закон и колективен договор. Притоа, прашањето за вреднување на минатиот труд е прашање кое е препуштено да се уреди со колективен договор.
Со оглед на тоа што во член 66 од Колективниот договор на АД “ОХИС” – Скопје е предвидено различно вреднување на минатиот труд на работниците кои дел од работниот однос го остваруваат надвор од претпријатието во однос на оние кои работниот однос го оствариле во претпријатијата, Судот оцени дека со тоа се нарушува уставното начело на еднаквост.
6. Со оглед на изнесеното, Судот одлучи како во точката 1 од оваа одлука.
7. Оваа одлука Судот ја донесе во состав од претседателот на Судот д-р Јован Проевски и судиите Бахри Исљами, д-р Никола Крлески, Олга Лазова, д-р Стојмен Михајловски, д-р Милан Недков, Бесим Селимиж, д-р Јосиф Талевски и д-р Тодор Џунов. (У.бр.119/95).