218/1995-0-0

Вовед

Уставниот суд на Република Македонија, врз основа на член 110 од Уставот на Република Македонија и член 71 од Деловникот на Уставниот суд на Република Македонија (“Службен весник на Република Македонија” бр.70/92), на седницата одржана на 21 јуни 1995 година, донесе

Р Е Ш Е Н И Е

Текст

1. СЕ ОТФРЛА иницијативата за оценување уставноста и законитоста на член 13 став 6 од Правилникот за наградување, донесен од Собранието на АД “Битола промет” во Битола, на 30 април 1992 година.

2. На Уставниот суд на Република Македонија Стевче Петровски и Драги Миновски од Битола му поднесоа иницијатива за поведување постапка за оценување уставноста и законитоста на член 13 став 6 од актот означен во точката 1 од ова решение, затоа што со него било предвидено за секој изминат ден, комерцијалниот референт да плаќа 2% камата доколку стоката ја дал со одложено плаќање, а купувачот доцни со плаќањето, што не било во согласност со Уставот и со закон.

3. На седницата Судот утврди дека оспорениот акт на Акционерското друштво “Битола промет” во Битола не е пропис во смисла на одредбите од членовите 51, 52 и 110 од Уставот на Република Македонија и е неподобен за уставно-судска оценка, поради што најде дека не е надлежен да одлучува за неговата согласност со Уставот и со законите.

4. Врз основа на изнесеното, Судот одлучи како во точката 1 од ова решение.

5. Ова решение Судот го донесе во состав од претседателот на Судот д-р Јован Проевски и судиите Бахри Исљами, д-р Никола Крлески, Олга Лазова, д-р Стојмен Михајловски, д-р Милан Недков, Бесим Селими, д-р Јосиф Талевски и д-р Тодор Џунов.