212/1995-0-0

Вовед

Уставниот суд на Република Македонија, врз основа на член 110 од Уставот на Република Македонија и член 28 алинеја 1 од Деловникот на уставниот суд на Република Македонија (“Службен весник на Република Македонија” бр.70/92), на седницата одржана на 7 јуни 1995 година, донесе

Р Е Ш Е Н И Е

Текст

1. СЕ ОТФРЛА иницијативата за оценување уставноста на
а) Решението бр.15-444/1, донесено од Министерството за финансии на Република Македонија – Секретаријат за финансии Охрид, на 27 октомври 19893 година.
б) Решението бр.15-444/2, донесено од Министерството за финансии на Република Македонија – Секретаријат за финансии Охрид, на 27 октомври 1993 година и
в) Решението У.бр.37-686/94, донесено од Комисијата на Владата на Република Македонија за решавање на управни работи во втор степен од областа на имотно-правните работи, донесено на 23 декември 1993 година.
2. На Уставниот суд на Република Македонија, Славко Колевски од Охрид му поднесе иницијатива за поведување постапка за оценување уставноста на решенијата означени под а), б) и в) во точка 1 од ова решение, затоа што биле донесени врз основа на Законот за граежното земјиште, без притоа да се почитува уставната гаранција на сопственоста и правата што произлегуваат од неа.
3. Судот на седницата утврди дека со решенијата означени под а) и б) од точката 1 од ова решение, се одзема правото на користење на градежно земјиште на КП.6312/2 во површина од 14 м.кв. и КП.6312/3 во површина од 66 м.кв. на КО Охрид, сопственост на подносителот на иницијативата, а со решението означено под в) од точката 1 од ова решение, Комисијата при Владата на Република Македонија за решавање на управни работи во втор степен од областа на имотно-правните работи, ја одбила жалбата поднесена против погоре означените решенија, односно истите ги потврдила.
4. Согласно член 110 од Уставот, Уставниот суд на Република Македонија, меѓу другото, одлучува за согласноста на законите со Уставот и за согласноста на другите прописи и колективни договори со Уставот и со законите.
Со оглед на тоа што оспорените решенија не претставуваат општ правен акт во смисла на член 110 од Уставот, тие не подлежат на уставно судска оценка, поради што, Судот одлучи како во точката 1 од ова решение.
5. Ова решение Судот го донесе во состав од претседателот на Судот д-р Јован Проевски и судиите Бахри Исљами, д-р Никола Крлески, Олга Лазова, д-р Стојмен Михајловски, д-р Милан Недков, Бесим Селими д-р Јосиф Талевски и д-р Тодор Џунов. (У.бр.212/95, 213/95 и 214/95).