Вовед
Уставниот суд на Република Македонија, врз основа на член 110 од
Уставот на Република Македонија и член 70 алинеја 1 од Деловникот на Уставниот
суд на Република Македонија (“Службен весник на Република Македонија” бр.
70/92), на седницата одржана на 10 мај 1995 година, донесе
О Д Л У К А
Текст
1. СЕ УКИНУВА член 4 од Одлуката за утврдување придонес за употреба
на градежно земјиште, донесена од Собранието на Општина Неготино (“Службен
гласник на Општина Неготино” бр.3/93).
2. СЕ ЗАПИРА постапката за оценување законитоста на став 2 од член 2 од
Одлуката за изменување на Одлуката за утврдување на придонес за употреба на
градежно земјиште, донесена од Собранието на Општина Неготино (“Службен гласник
на Општина Неготино” бр.2/94).
3. Оваа одлука произведува правно дејство од денот на објавувањето во ”
Службен весник на Република Македонија”.
4. Уставниот суд на Република Македонија, по сопствена иницијатива, со
Решение У.бр.168/94, 167/94 од 15 февруари 1995 година поведе постапка за
оценување законито- ста на одредбите од одлуките означени во точката 1 од оваа
одлука, затоа што се постави прашањето за нивната соглансост со член 39 и член
41 од Законот за градежното земјиште (“Службен весник на СРМ” бр.10/79, 18/89 и
21/91).
5. Во одговорот на решението, Собранието на Општина Неготино достави
Одлука за измени и дополнување на Одлуката за утврдување на придонес за
употреба на градежно земјиште (“Службен гласник на Општина Неготино” бр.3/93 и
2/94), донесена од Собранието на 4 мај 1995 година.
6. На седницата Судот утврди дека според член 4 од Одлуката за
утврдување придонес за употреба на градежно земјиште, одлука за користење на
средствата од употребата на градежното земјиште донесува органот за уредување
на градежното земјиште, а за Демир Капија одлука донесува месната заедница.
Според ставот 2 на членот 2 од Одлуката за изменување на Одлуката за утврдување
на придонес за употреба на градежното земјиште, органот за уредвуање на
градежното земјиште, средствата што припаѓаат на месните заедници Демир Капија,
Криволак и Тимјаник ги вража на овие месни заедници, кои потоа донесуваат
одлуки за користење на средствата според утврдената намена.
Разгледувајќи ги измените и дополнувањата на Одлуката, Судот утврди дека
оспсроената одредба од член 4 од оваа одлука не е е изменета, па според тоа
овластувањето на органот за уредување на градежното земјиште на Општината
Неготино и на месната заедница Демир Капија да донесуваат одлуки за користење
на средствата од надоместот за употреба на градежното земјиште останува и
понатаму во сила.
7. Според член 39 од Законот за градежното земјиште уредувањето на
градежното земјиште се врши врз основа на програма, а според ставот 2 од овој
член програмата ја донесува општината врз основа на урбанистичкиот план, а по
претходна соглансост на органот на управата надлежен за работите на урбанизмо
во делот на неговата надлежност. Според член 41 од Законот, уредувањето на
градежното земјиште се финансира од средствата остварени од неговото
доделување, од надоместоците за уредувањето, односно за употребата на
градежното земјиште, од средствата на комуналните организации, средствата од
самопридонес и други средства. Средствата од став 1 на овој член се утврдуваат
со програма.
Со оглед на тоа што со означената одредба користењето на средствата од
надоместокот за употреба на градежното земјиште се врши со одлука на органот за
уредување на градежното земјиште, односно на месната заедница Демир Капија,
Судот оцени дека не е во согласност со член 39 и член 41 од Законот за
градежното земјиште.
Понатаму, Судот утврди дека со членот 1 од Одлуката за измени и
дополнувања на Одлуката за утврдување на придонес за употреба на градежно
земјиште се менува членот 2 став 2 од Одлуката со тоа што, средствата од
придонесот за употреба на градежното земјиште се уплатуваат на жиро сметка на
органот за уредување на градежно земјиште за Општина Неготино, а се реализираат
согласно Програмата за уредување на градежното земјиште за Општина Неготино.
Програмата ја донесува Собранието, по претходна согласност на Министерството за
урбанизам, градежништво и заштита на животната средина.
Со оглед на тоа што со измените на оваа оспорена одредба е извршено
усогласување во однос на надлежноста на месните заедници да донесуваат одлуки
за користење на средствата од придонесот за употреба на градежното земјиште и
што оспорената одредба престана да важи, Судот оцени дека нема основ за
натамошно водење на постапката.
8. Врз основа на изнесеното, Судот одлучи како во точката 1 од оваа
одлука.
9. Оваа одлука Судот ја донесе во состав од претседателот на Судот д-р
Јован Проевски и судиите Бахри Исљами, д-р Никола Крлески, Олга Лазова, д-р
Стојмен Михајловски, д-р Милан Недков, Бесим Селими, д-р Јосиф Талевски и д-р
Тодор Џунов. (У.бр.186/94, У.бр.187/94)