Вовед
Уставниот суд на Република Македонија, врз основа на член 110 од Уставот на Република Македонија и член 71 од Деловникот на Уставниот суд на Република Македонија (“Службен весник на Република Македонија” бр.70/92), на седницата одржана на 26 април 1995 година, донесе
Р Е Ш Е Н И Е
Текст
1. НЕ СЕ ПОВЕДУВА постапка за оценување законитоста на Одлуката за измена и дополнување на дел од Деталниот урбанистички план на Град Струмица, Блок бр.20, донесена од Собранието на Општина Струмица на седницата одржана на 20 декември 1994 година (“Службен гласник на Општина Струмица” бр.4/94).
2. На Уставниот суд наРепублика Македонија, Васил Јанчевски и Благој Јанчевски од Струмица му поднесоа иницијатива за поведување постапка за оценување законитоста на Одлуката означена во очката 1 од ова решение затоа што не била донесена во постапка предвидена со Законот за системот на просторното и урбанистичкото планирање, односно нацртот на Планот не бил ставен на јавна расправа, со што било повредено правото на граѓаните на јавно изјаснување.
3. На седницата Судот утврди дека со оспорената одлука се вршат измени и дополнувања на Деталниот урбанистички план на Град Струмица за блок 20, по кој е обезбедена јавна расправа со излагање на Планот во просториите на VI месна заедни ца во Струмица, од 22 декември 1993 година до 5 јануари 1994 година. За јавната расправа граѓаните биле известени и преку Радио Струмица, со повик граѓаните и другите заинтересирани субјекти забелешките по нацртот на Планот да ги доставуваат до Извршниот одбор на Собранието, во писмена форма, од 6 до 20 јануари 1994 година. Исто така, Судот утврди дека со акт број 20-2280/б од 13 декември 1994 година е дадена согласност на измените предвидени со предлогот на Планот од Министерството за урбанизам, граде жништво и заштита на животната средина.
4. Според член 31 од Законот за системот на просторното и урбанистичкото планирање “Службен весник на СРМ” бр.38/85 и 38/90), просторниот и урбанистичкиот план се изработуваат во две фази, нацрт на план и предлог на план. Нацртот на просторниот и урбанистичкиот план задолжително се ставаат на јавна расправа. Јавната расправа ја спроведува органот надлежен за работите на урбанизмот, со излагање на плановите најмалку 15 дена во соодветна просторија на месната заедница, а забелешките на граѓаните и другите заинтересирани субјекти се доставуваат до надлежниот орган во писмена форма, во рок од 15 дена по завршувањето на јавната расправа.
Со оглед на тоа што по оспорената одлука била обезбедена јавна расправа и што на предлогот на Планот била дадена согласност од Министерството за урбанизам, градежништво и заштита на животната средина, Судот оцени дека не може да се постави прашањето за нејзината согласност со означената законска одредба, поради што одлучи како во точката 1 од ова решение.
5. Ова решение Судот годонесе во состав од претседателот на Судот Д-р Јован Проевски и судиите Бахри Исљами, Д-р Никола Крлески, Олга Лазова, Д-р Стојмен Михајловски, Д-р Милан Недков, Бесим Селими, Д-р Јосиф Талевски и Д-р Тодор Џунов. У.бр.93/95