Вовед
Уставниот суд на Република Македонија, врз основа на член 110 од Уставот на Република Македонија, член 28 алинеја 1 и член 71 алинеја 3 од Деловникот на Уставниот суд на Република Македонија (“Службен весник на Република Македонија” бр.70/92), на седницата одржана на 26 април 1995 година, донесе
Р Е Ш Е Н И Е
Текст
1. СЕ ОТФРЛА барањето за поведување постапка за преиспитување на спроведувањето на Законот за персонален данок од доход (“Службен весник на Република Македонија” ; бр.80/93), Законот за гаранција на Република Македонија за депонираните девизни штедни влогови на граѓаните и за обезбедување на средства и начини за исплата на депонираните девизни влогови на граѓаните во 1993, 1994 и 1995 година (“Службен весник на Република Македонија” бр.31/93) и Одлуката за методологијата на утврдување на каматните стапки на депонираното девизно штедење спрема каматите во земјите на домицилните валути (“Службен весник на Република Македонија” бр.83/92, 81/93 и 70/94).
2. На Уставниот суд на Република Македонија, Светозар Георгиевски од Скопје му поднесе барање за поведување постапка за преиспитување на спроведувањето на актите означени во точката 1 од ова решение, затоа што постоела неусогласеност помеѓу нив, не бил јасен нивниот карактер, со нив се воведувале нереални камати и постоела ретроактивност на писмото на Гувернерот на Народната банка на Република Македонија во однос на одредбите од Одлуката, чие преиспитување на нејзиното спроведување се бара.
3. Судот на седницата утврди дека со иницијативата не се бара поведување на постапка за оценување уставноста на закон, ниту уставноста и законитоста на друг пропис, туку се покренуваат прашања
што согласно член 110 ставовите 1 и 2 од Уставот не се во надлежност на Уставниот суд, поради што одлучи како во точката 1 од ова решение.
4. Ова решение Судот го донесе во состав од претседателот на Судот д-р Јован Проевски и судиите Бахри Исљами, д-р Никола Крлески, Олга Лазова, д-р Стојмен Михајловски, д-р Милан Недков, Бесим Селими, д-р Јосиф Талевски и д-р Тодор Џунов.У.бр.157/95