Уставниот суд на Република Македонија, врз основа на член 71 од Деловникот на Уставниот суд на Република Македонија (“Службен весник на Република Македонија” бр.70/92), на седницата одржана на 19 април 1995 година, донесе
Р Е Ш Е Н И Е
1. НЕ СЕ ПОВЕДУВА постапка за оценување уставноста на членот 205 и 206 од Кривичниот закон на Република Македонија и членот 14 од Законот за прекршоците против јавниот ред и мир.
2. СЕ ОТФРЛА барањето Судот да донесе решение за запирање на извршувањето на актите и дејствијата донесени односно преземени врз основа на оспорените членови од законите наведени во точката 1 од ова решение.
3. На Уставниот суд на Република Македонија, Махмут Јусуфи адвокат од Тетово му поднесе иницијатива за поведување постапка за оценување уставноста на оспорените членови од законите содржани во точката 1 од ова решение, бидејќи тие не биле во согласност со членовите 21 и 51 став 1 од Уставот поради тоа што ги ограничувале темелните вредности на уставниот поредок меќу кои и правото за собирање на граѓаните заради изразување на јавен протест, како и поради тоа што одлуките и мерките на државните органи не биле уставна категорија така да евентуалната непослушност во однос на нивното непочитување не претпоставувало постоење на кривично дело.
Во иницијативата се бара Судот да донесе решение за запирање на извршувањето на правосилните решенија изречени од страна на Општинскиот суд за прекршоци во Тетово за лица кои се огласени за виновни за прекршок по член 14 од Законот за прекршоците против јавниот ред и мир; запирање на кривичните постапки против лица обвинети за кривично дело – учество во толпа што ќе спречи службено лице во вршење на службено дејство, предвидено во член 205 од Кривичниот закон; запирање на поведената истрага против лица осомничени за кривично дело по член 206 од Кривичниот закон – повикување на отпор, како и укинување на одредениот притвор на лица кои се наоѓаат во притвор врз основа на судска одлука поради наведените кривични дела.
4. Судот на седницата утврди дека согласно членот 205 од Кривичниот закон, тој што учествува во толпа што со заедничко дејствување ќе спречи или ќе се обиде да спречи службено лице во вршењето на службено дејство, или на ист начин го присили да изврши службено дејство ќе се казни за самото учество со казната определена со закон. Водачот на толпата кој ќе го изврши делото од став 1 на овој член ќе се казни со казната определена со закон.
Според член 206 од истиот закон, тој што повикува други на отпор или на непослушност спрема законити одлуки или мерки на државни органи или спрема службено лице во вршење службено дејство, ќе се казни со казната опредлена со закон.
Ако поради делото од став 1 на овој член дошло до неспроведување или до значително отежнување на спроведувањето на законита одлука или мерка на државен орган или делото го стори како водач на групата, сторителот ќе се казни со казната определена со закон.
Согласно член 14 од Законот за прекршоците против јавниот ред и мир, кој не ќе се оддалечи од група на луѓе, која овластено службено лице ја повикало да се разотиде во прилики кога јавниот ред е загрозен, ѓе се казни со казната определена со закон.
5. Согласно член 21 од Уставот, граѓаните имаат право мирно да се собираат и да изразуваат јавен протест без претходно пријавување и без посебна дозвола. Притоа, користењето на ова право може да биде ограничено само во услови на воена и вонредна состојба.
Членот 51 од Уставот утврдува дека во Република Македонија законите мораат да бидат во согласност со Уставот, а сите други прописи со Уставот и со закон и дека секој е должен да ги почитува Уставот и законите.
Уставот особено внимание им постветува на основните слободи и права на човекот и граѓанинот и тоа како на граѓанските и политичките слободи и права така и на економските, социјалните и културните права. Притоа, тие права и слободи се прецизно дефинирани со цел да се отстрани можноста од различни толкувања и уредување на условите и начинот на нивното остварување на законски или подзаконски акти.
Како своја суштинска определба што е всушност и определба на сите современи демократски уставни системи во светот, Уставот ја утврдува еднаквоста на граѓаните во слободите и правата како и нивната еднаквост пред Уставот и пред законите.
Уставно предвидените ограни чувања на слободите и правата на граѓаните и условите кога тие можат да бидат применети се таксативно наброени со цел да се оневозможи со закон или со друг подзаконски акт да се ограничат слободите и правата.
Со членот 8 став 2 од Уставот е утврдено дека во Република Македонија слободно е се што со Уставот и закон не е забрането.
Притоа, не треба да се занемари фактот дека единствена граница на правата и слободите на човекот и граѓанинот како и за неговото дејствување се слободата и правото на другите поединци и на државата во целина.
Тргнувајќи од уставното овластување дека Собранието на Република Македонија донесува закони, законодавецот во Кривичниот закон и во Законот за прекршоци против јавниот ред и мир санкционирал одредени дејствија на граѓанинот со кои ќе спречи односно ќе се обиде да спречи службено лице во вршењето на службено дејство, ќе повика на отпор или непослушност спрема законити мерки на државни органи или спрема службено лице во вршење на службено дејство, или пак, нема да се оддалечи од група на луѓе која овластено службено лице ја повикало да се разотиде во прилика кога е загрозен јавниот ред и мир.
Од изнесените законски одредби произлегува дека законодавецот не го ограничува уставното право на граѓаните мирно да се собираат и да изразуваат јавен протест туку предвидува санкции во случаите кога тие собири не се мирни, односно кога со одделни дејствија на граѓаните се попречуваат службените лица во вршење на нивната работа или кога се загрозува јавниот ред и мир. Притоа, законодавецот имал предвид дека остварувањето на слободите и правата на човекот и граѓанинот не е апсолутно право бидејќи тие не се цел сами за себе и не може да се остваруваат само индивидуално туку во заемност и меѓусебна зависност на луѓето. Тоа значи дека со остварувањето на одредени слободи и права не смее да се повредуваат слободите и правата на другите граѓани или пак да се остваруваат на штета на други граѓани или на заедницата во целина.
Дали пак еден собир на граѓани или јавен протест ќе се одвива мирно или ќе добие други димензии е право на др жавните органи да одлучуваат за секој конкретен случај и да преземаат соодветни мерки или да спроведат законски одлуки. Доколку има елементи дека оваа оценка на државните органи не е исправна и дека врз нејзина основа се преземени одредени дејствија работа е на редовниот суд да одлучува.
Тргнувајќи од уставната должност за почитување на Уставот и законите, а врз основа на изнесените уставни и законски одредби, Судот оцени дека има основа за санкционирање на одредени дејствија на граѓаните кои излегуваат од уставните рамки и со кои се повредуваат други слободи, права и должности утврдени со Уставот, поради што неможе да се постави прашањето за уставноста на оспорените членови од законите. Напротив, според мислењето на Судот, санкционирањето на овие кривични дела и прекршоци и активностите на службените лица за нивното откривање и спречување претставува еден од облиците на заштита на уставното право на граѓаните мирно да се собираат и да го изразуваат својот протест.
Со оглед на тоа што Судот оцени дека не може да се постави прашањето за согласноста на оспорените законски одредби со означените уставни одредби, најде дека не се исполнети условите од член 27 од Деловникот на Уставниот суд, до донесувањето конечна одлука Судот да донесе решение за запирање на извршувањето на правосилните решенија изречени од страна на Општинскиот суд за прекршоци во Тетово за лицата кои се огласени за виновни за прекршок по член 14 од Законот за прекршоците против јавниот ред и мир; за запир ање на кривичните постапки против лицата обвинети за кривично дело – учество во толпа што ќе спречи службено лице во вршење на службено дејство предвиден по член 206 од Кривичниот закон – повикување на отпор, како и укинување на одредениот притвор на лица кои се наоѓаат во притвор врз основа на судска одлука поради наведените кривични дела.
6. Врз основа на изнесеното Судот оцлучи како во точките 1 и 2 од ова решение.
7. Ова решение Судот го донесе во состав од претседателот на Судот д-р Јован Проевски и судиите Бахри Исљами. д-р Ни кола Крлески, Олга Лазова, д-р Стојмен Михајловски, д-р Милан Недков, Бесим Селими, д-р Јосиф Талевски и д-р Тодор Џунов.