72/1995-0-0

Вовед

Уставниот суд на Република Македонија, врз основа на член 110 од Уставот на Република Македонија, член 28 став 1 алинеја 1 и член 71алинеја 3 од Деловникот на Уставниот суд на Република Македонија (“Службен весник на Република Македонија” бр.70/92) на седницата одржана на 12 април 1995 година, донесе

Р Е Ш Е Н И Е

Текст

1. СЕ ОТФРЛА иницијативата за поведување постапка за оценување уставноста и законитоста на Одлуката за утврдување процент на наплата на инкасаторите, донесена од Работничкиот совет на Јав ното претпријатие за комунални услуги “Прогрес” во Радовиш на 7 април 1994 година.
2. На Уставниот суд на Република Македонија, Бранко Георгиевски од Радовиш му поднесе иницијатива за поведување постапка за оценување уставноста и законитоста на актот озна чен во точката 1 од ова решение, затоа што со него на инкасаторите им се определувала плата според остварениот процент на наплата за тековниот месец, а не и за остварената наплата од претходните месеци и што било предвидено доколку не го оствариле предвидениот процент да добијат отказно решение, што не било во согласност со Уставот и со закон.
3. Судот на седницата утврди дека оспорената одлука не е пропис во смисла на одредбите од членовите 51, 52 и 110 од Уставот на Република Македонија и е неподобена за уставно-судска оценка, поради што најде дека не е надлежен да одлучува за неговата согласност со Уставот и законите.
4. Врз основа на изнесеното Судот одлучи како во точката 1 од ова решение.
5. Ова решение Судот го донесе во состав од претседате лот на Судот Д-р Јован Проевски и судиите Бахри Исљами, Д-р Никола Крлески, Олга Лазова, Д-р Стојмен Михајловски, Д-р Милан Недков, Бесим Селими, Д-р Јосиф Талевски и Д-р Тодор Џунов. У.бр.72/95