33/1995-0-0

Вовед

Уставниот суд на Република Македонија, врз основа на член 110 од Уставот на Република Македонија и член 28 став 1 алинеја 2 од Деловникот на Уставниот суд на Република Македонија (“Службен весник на Република Македонија” бр.70/92), на седницата одржана на 15 март 1995 година, донесе

Р Е Ш Е Н И Е

Текст

1. СЕ ОТФРЛА иницијативата за поведување постапка за оценување законитоста на Одлуката за измена и дополнување на Деталниот урбанистички план на Градот Гевгелија, донесен од Собранието на Општина Гевгелија на 20 мај 1993 година.
2. На Уставниот суд на Република Македонија Димитар Пенов од Гевгелија му поднесе иницијатива со барање да поведе постапка за оценување законитоста на одлуката означена во точката 1 од ова решение, затоа што не била донесено во постапка предвидена со закон.
3. Разгледувајќи ја иницијативата, Судот утврди дека оспорената одлука веке еднаш ја оценувал и со решение У.бр.122/93 не повел постапка за оценување на нејзината законитост, а по повод на новата иницијатива нема основи за поинакво одлучување.
Со оглед на изнесеното, Судот одлучи како во точката 1 од ова решение.
4. Ова решение Судот го донесе во состав од претседателот на Судот д-р Јован Проевски и судиите Бахри Исљами, д-р Никола Крлески, Олга Лазова, д-р Стојмен Михајловски, д -р Милан Недков, Бесим Селими, д-р Јосиф Талевски и д-р Тодор Џунов. У.бр.33/95