39/1995-0-0

Вовед

Уставниот суд на Република Македонија, врз основа на член 71 и член 28 алинеја 2 од Деловникот на Уставниот суд на Република Македонија (“Службен весник на Република Македонија” бр.70/92), на седницата одржана на 8 март 1995 година, донесе

Р Е Ш Е Н И Е

Текст

1. СЕ ОТФРЛА иницијативата за преиспитување на Решението на Уставниот суд на Република Македонија У.бр.39/91 донесено на 29 март 1991 година, Решението У.бр.75/91 донесен на 12 јуни 1991 година и Решението У.бр.59/93 донесено на 2 јуни 1993 година.
2. На Уставниот суд на Република Македонија, Методи Илиев од Делчево му поднесе иницијатива за преиспитување на решенијата означени во точката 1 од ова решение, затоа што со нив не е поведена постапка за оценување законитоста на Одлуката за усвојување на измените и дополнувањата на Деталниот урбанистички план на Град Делчево бр.0801-126, донесена на 21 февруари 1986 година и на Решението бр.1305-1048 за измена на Деталниот урбанистички план на Град Делчево од помал обем со поместување на габаритот на индивидуална станбена зграда на Христов Љупчо, донесено од Секретаријатот за станбено-комунални работи, урбанизам и сообраќај при Собранието на Општина Делчево на 24 септември 1990 година, од причини што Судот погрешно утврдил дека била одржана јавна расправа пред донесувањето на оспорениот урбанистички план.
3. Судот на седницата утврди дека во неколку наврати ја оценувал законитоста на оспорената одлука и оспореното решение и при тоа утврдил дека тие се донесени во постапка предвидена со закон, поради што не нашол основ за поведување постапка за оценување законитоста на оспорените акти.
Со оглед на тоа што Судот веќе ја оценувал законитоста на оспорените акти, а сега не наоѓа причини за поинакво одлучување, одлучи како во точката 1 од ова решение.
4. Ова решение Судот го донесе во состав од претседателот на Судот д-р Јован Проевски и судиите Бахри Исљами, д-р Никола Крлески, Олга Лазова, д-р Стојмен Михајловски, д-р Милан Недков, Бесим Селими д-р Јосиф Талевски и д-р Тодор Џунов. (У.бр.39/95, 40/95 и 41/95).