36/1995-0-0

Вовед

Уставниот суд на Република Македонија, врз основа на член 110 од Уставот на Република Македонија и врз основа на член 28 и член 71 од Деловникот на Уставниот суд на Република Македонија (“Службен весник на Република Македонија” бр.70/92), на седницата одржана на 22 февруари 1995 година, донесе

Р Е Ш Е Н И Е

Текст

1. СЕ ОТФРЛА иницијативата за поведување постапка за оценување уставноста и законитоста на Правилникот за решавање на станбените потреби на работниците, донесен од Управниот одбор на Јавната здра вствена организација Медицински центар “Титов Велес” – Титов Велес, на 26 декември 1994 година.
2. На Уставниот суд на Република Македонија му е поднесена иницијатива од група вработени во Медицинскиот центар “Титов Велес” – Титов Велес, за поведување постапка за оценување уставноста и законитоста на актот озна чен во точката 1 од ова решение, затоа што одделни негови одредби биле во спротивност со Општествениот договор за заедничките критериуми и мерила за решавање на станбените потреби на работниците во организациите на здружен труд и работните заедници во Општината Титов Велес (“Службен гласник на Општина Титов Велес” бр.3/87), односно оспорените одредби од Правилникот ги фаворизирале работниците со повисок степен на образование неземајки ги предвид утврдените критериуми и мерила утврдени со означениот општествен договор.
3. Според член 110 од Уставот, Уставниот суд на Република Македонија одлучува за согласноста на законите со Уставот и за согласноста на другите прописи и на колективните договори со Уставот и законите.
4. На седницата Судот утврди дека со иницијативата се бара да се оцени мегусебната согласност помегу општи акти, за што тој, согласно член 110 од Уставот, не е надлежен да одлучува.
Врз основа на изнесеното, Судот одлучи како во точката 1 од ова решение.
5. Ова решение Судот го донесе во состав од Претседателот на Судот д-р Јован Проевски и судиите Бахри Исљами, д-р Никола Крлески, Олга Лазова, д-р Стојмен Михајловски, д-р Милан Недков, Бесим Селими, д-р Јосиф Талевски и д-р Тодор Џунов.У.бр.36/95