Вовед
Уставниот суд на Република Македонија, врз основа на член 71 алинеја 3 од Деловникот на Уставниот суд на Република Македонија (“Службен весник на Република Македонија” бр.70/92) на седницата одржана на 1 февруари 1995 година, донесе
Р Е Ш Е Н И Е
Текст
1. СЕ ОТФРЛА иницијативата за оценување законитоста на Одлуката за обезбедување средства за изградба на водовод во село Злеово-Радовиш, донесена од Месната заедница на село Злеово на 4 Април 1978 година.
2. На Уставниот суд на Република Македонија Стоименов Петко од село Злеово му поднесе иницијатива за оценување законитоста на одлуката озна чена во точката 1 од ова решение, затоа што оспорената одлука не била донесена на референдум и имало недостатоци во поглед на содржината на актот, според тоа одлуката можела да ги обврзе само граѓаните кои на собирот се изјасниле на таков начин да ги решаваат комуналните проблеми, а не и на граѓаните кои за тоа не се изјасниле.
3. На седницата Судот утврди дека оспорената одлука е донесена во 1978 година, а согласно член 5 од Законот за општите начела на самопридонесот (” Службен весник на Република Македонија” бр.27/78) самопридонесот по правило се воведува за една година, а може да се воведе и за пове?е години но најмногу за пет години.
Со оглед на изнесеното, Судот смета дека одлуката била од времен карактер и таа престанала да важи со истекот на рокот од една односно пет години, поради што нема процесни претпоставки за водење на постапката и одлучи како во точката 1 од ова решение.
Ова решение Судот го донесе во состав од претседателот на Судот Д-р Јован Проевски и судиите Бахри Исљами, Д-р Никол а Крлески, Олга Лазова, Д-р Стојмен Михајловски, Д-р Милан Недков, Бесим Селими, Д-р Јосиф Талевски и Д-р Тодор Џунов.(У.бр.53/94)