Вовед
Уставниот суд на Република Македонија, врз основа на член 110 од Уставот на Република Македонија и член 71 од Деловниккот на Уставниот суд на Република Македонија (“Службен весник на Република Македонија” бр.70/92), на седницата одржана на 29 декември 1994 година, донесе
Р Е Ш Е Н И Е
Текст
1. СЕ ОТФРЛА иницијативата за оценување уставноста на член 6 став 1 од Одлуката за користење на пасишта и утрини, донесена од Собранието на заедницата за пасишта и утрини во Гостивар, на 24 мај 1994 година.
2. На Уставниот суд на Република Македонија Сточарското стопанство “Живко Брајковски” од село Трница – Гостивар му поднесе иницијатива за оценувње уставноста на член 6 став 1 од актот означен во точката 1 од ова решение, затоа што во него било предвидено одлуката да влезе во сила со денот на донесувањето, а да се применува од 1 јануари 1994 година со што и било дадено повратно дејство, што не било во согласност со уставот на Република Македонија.
3. На седницата Судот утврди дека според член 1 од Одлуката се утрдува висината на надоместокот што ќе се наплатува за напасување на добиток на пасиштата и утрините во подрачјето на Општина Гостивар, а во член 2 е предвидено дека висината на надоместокот за пасиштата и утрините на Шарпланинскиот масив, Кораб и Бистра ќе изнесува 40,00 денари за едно грло ситен добиток, а на пасиштата и утрините на Сува Гора, Буковиќ, Добра Вода во изност од 30,00 денари за едно грло ситен добиток. Во член 3 од Одлуката е предвидено дека во надоместокот од член 2 не влегува напасувањето во шума. Надоместокот за напасување на крупен добиток според член 4 од Одлуката, се плаќа според цените утврдени во член 2 наголемени за 5 и 10 пати согласно член 5 од Одлуката, корисниците кои ќе бидат затечени да вршат напасување на добиток без согласност на Службата на заедницата ќе им се наплатува двојна пашарина. Во оспорениот член 6 став 1 од Одлуката е предвидено дека таа влегува во сила со денот на донесувањето, а ќе се применува од 1 јануари 1994 година.
4. Разгледувајќи ја иницијативата Судот оцени дека со оспорената одлука се определува висината на надоместокот за напасување на добиток и дека тој акт нема карактер на пропис или општ акт во смисла на член 110 од Уставот на Република Македонија за чија оценка на уставноста и законитоста би бил надлежен Уставниот суд на Република Македонија, поради што Судот одлучи како во точката 1 од ова решение.
5. Ова решение Судот го донесе во состав од претседателот на Судот д-р Јован Проевски и судиите Бахри Исљами, д-р Никола Крлески, Олга Лазова, д-р Стојмен Михајловски, д-р Милан Недков, Бесим Селими, д-р Јосиф Талевски и д-р Тодор Џунов.