151/1994-0-0

Вовед

Уставниот суд на Република Македонија, врз основа на член 110 од Уставот на Република Македонија и член 71 став 1 алинеја 3 од Деловникот на Уставниот суд на Република Македонија (“Службен весник на Република Македонија” бр.70/92), на седницта одржана на 3 ноември 1994 година, донесе

Р Е Ш Е Н И Е

Текст

1. СЕ ОТФРЛА иницијативата за оценување уставноста и законитоста на постапката за избор на членови на Извршниот одбор на Сојузот на пензионерите во Титов Велес и на член на Републичкиот одбор на Сојузот на пензионерите од Титов Велес, спроведена на 28 јуни 1994 година.

2. На Уставниот суд на Република Македонија му е поднесена иницијатива од Душан Ивановски од Титов Велес за поведување постапка за оценување уставноста и законитоста на постапката означена во точката 1 од ова решение, затоа што за членови на Извршниот одбор се избрани лица кои во исто време биле и предлагачи и спроведувачи на изборот и што за член на Републичкиот одбор било избрано лице кое не добило мнозинство гласови од присутните, поради што спроведената постапка не била во согласност со Уставот и со закон.

3. Разгледувајќи ја иницијативата, Судот оцени дека со неа не се бара оценување уставност и законитост на пропис во смисла на член 110 од Уставот на Република Македонија, туку на поединечен акт, за што не е надлежен да одлучува.

Поради тоа, Судот одлучи како во точката 1 од ова решение.

4. Ова решение Судот го донесе во состав од претседателот на Судот д-р Јован Проевски и судиите Бахри Исљами, д-р Никола Крлески, Олга Лазова, д-р Стојмен Михајловски, д-р Милан Недков, Бесим Селими, д-р Јосиф Талевски и д-р Тодор Џунов.