26/1994-0-0

Вовед

Уставниот суд на Република Македонија, врз основа на член 110 од Уставот на Република Македонија и член 71 став 1 алинеја 3 од Деловникот на Уставниот суд на Република Македонија одржана на 6 јули 1994 година, донесе

Р Е Ш Е Н И Е

Текст

1. СЕ ОТФРЛА иницијативата за оценување уставноста и закконитоста на Одлуката за утврдување износот и висината на членарината на Сојузот на пензионерите на Македонија, квотата од членарината на Републичкиот одбор на Сојузот на пензионерите на Македонија, висината на уплатата во Фондот за солидарна помош при општинските сојузи на пензионерите и износот на помошта од Фондот за случај на смрт, донесена од Извршниот одбор на Републичкиот одбор на Сојузот, на 4 ноември 1992 година.

2. На Уставниот суд на Република Македонија му е поднесена иницијатива од Здружението на пензионерите од Месните заедници “Иљо Антевски-Смок” и “Мирче Ацев” во Тетово за поведување постапка за оценување уставноста и законитоста на Одлуката означена во точката 1 од ова решение, затоа што со неа се воведувала обврска за колективно осигурување на членовите здружението на пензионерите, без нивна согласност, што не било во согласност со Уставот и со законот.

3. На седницата Судот утврди дека според член 4 од Одлуката за утврдуваање износот на висината на членарината на Сојузот на пензионерите на Македонија и за квотата од членарината што ќе ја уплатуваат општинските сојузи на пензионерите на Сојузот на пензионерите на Македонија и Здружението на пензионерите на МВР и воените пензионери, донесена од Извршниот одбор на Републичкиот одбор на Сојузот на 28 јануари 1994 година, со денот на влегувањето во сила на оваа одлука, престанала да важи оспорената одлука. Судот исто така, утврди дека оваа одлука не го уредува прашањето на колективното осигурување.

Со оглед на тоа што оспорената одлука престанала да важи, Судот оцени дека не постојат процесни претпоставки за постапуваање по иницијативата, поради што, согласно член 28 став 1 алинеја 3 од Деловникот на Судот, одлучи како во точката 1 од ова решение.

4. Ова решение Судот го донесе во состав од претседателот на Судот д-р Јован Проевски и судиите Бахри Исљами, д-р Никола Крлески, Олга Лазова, д-р Стојмен Михајловски, д-р Милан Недков, Бесим Селими, д-р Јосиф Талевски и д-р Тодор Џунов.