Вовед
Уставниот суд на Република Македонија, врз основа на член 110 од Уставот на Република Македонија и член 28 алинеја 2 од Деловникот на Уставниот суд на Република Македонија (“Службен весник на Република Македонија” бр.70/92), на седницата одржана на 29 јуни 1994 година, донесе
Р Е Ш Е Н И Е
Текст
1. СЕ ОТФРЛА иницијативата за оценување уставноста и законитоста на Одлуката за условите и начинот на одржување на чистотата на јавните површини, собирање, изнесување и депонирање на смет на подрачјето на град Скопје (“Службен гласник на град Скопје” бр.8/86).
2. На Уставниот суд на Република Македонија, Андоновски Темелко од Скопје му поднесе иницијатива за оценување уставноста и законитоста на Одлуката означена во точката 1 од ова решение, затоа што со неа се определувало надоместокот за изнесување на домашен смет да се плаќа независно од тоа дали била извршена услугата, што не било во согланост со Уставот и со закон.
3. На седницата Судот утврди дека со Решение У.бр.218/92 од 21 октомври 1992 година не повел постапка за оценување уставноста и законитосгта на Одлуката означена во точката 1 од ова решение.
Со оглед на тоа што оспорената одлука била предмет на оценка пред овој Суд односно за истата работа веќе одлучувал, а нема основи за поинакво одлучување, согласно член 28 став 1 алинеја 2 од Деловникот на Судот, одлучи како во точката 1 од ова решение.
4. Ова решение Судот го донесе во состав од претседателот на Судот д-р Јован Проевски и судиите Бахри Исљами, д-р Никола Крлески, Олга Лазова, д-р Стојмен Михајловски, д-р Милан Недков, Бесим Селими, д-р Јосиф Талевски и д-р Тодор Џунов.