Вовед
Уставниот суд на Република Македонија, врз основа на член 110 од Уставот на Република Македонија и член 28 став 1 алинеја 2 од Деловникот на Уставниот суд на Република Македонија (“Службен весник на Република Македонија” бр.70/92), на седницата одржана на 14 април 1994 година, донесе
Р Е Ш Е Н И Е
Текст
1. СЕ ОТФРЛА иницијативата за преиспитување на Решението У.бр.89/93, донесено од Уставниот суд на Република Македонија на седницата одр`ана на 29 јануари 1994 година.
2. На Уставниот суд на Република Македонија, Владислав Борнаров од Скопје, му поднесе иницијатива за преиспитување на Решението У.бр.89/93, затоа што смета дека Судот погрешно оценил дека е допуштена двојна вредност на бодот за работниците во Министерството за внатрешни работи и дека е потребно средствата што се со закон определени во висина од најмалку 20% за овластените работници и средствата што се одобрени со Одлука на Владата на Република Македонија во висина од 30% да се утврдат во стартната основа на платата на овластените службени лица.
3. Разгледувајќи ја иницијативата, Судот утврди дека во неа не се изнесуваат нови факти и околности кои Судот не ги имал предвид при донесување на означеното решение, поради што оцени дека нема причини за поинакво одлучување.
4. Врз основа на изнесеното, Судот одлучи како во точката 1 од ова решение.
5. Ова решение Судот го донесе во состав од претседателот на Судот м-р Јордан Арсов и судиите Бранка Циривири-Антоновска, Ариф Арифи, Димитрие Димишковски, д-р Филип Лазарески, Братољуб Раичковиќ и д-р Фиданчо Стоев.