260/1993-0-0

Вовед

Уставниот суд на Република Македонија, врз основа на член 110 од Уставот на Република Македонија и член 28 алинеја 1 од Деловникот на Уставниот суд на Република Македонија (“Службен весник на Република Македонија” бр.70/92), на седницата одржана на 2 март 1994 година, донесе

Р Е Ш Е Н И Е

Текст

1. СЕ ОТФРЛА иницијативата за оценувње уставноста и законитоста на актот на Јавното претпријатие “Водовод” во Битола бр.03-470 од 15 октомври 1993 година, на Градежното претпријатие “Пелистер” во Битола бр.04-1182 од 7 октомври 1993 година и актот на Самоуправната интересна заедница во Битола бр.15-413 од 15 октомври 1993 година.

2. На Уставниот суд на Република Македонија, Лазо Спировски од Битола му поднесе иницијатива за поведување постапка за оценување уставноста и законитоста на актите означени в точка 1 од ова решение, затоа што со нив се вршела замена на становите меѓу Градежното претпријатие “Пелистер” во Битола и Јавното претпријатие “Водовод” во Битола, за што согласност дала Самоуправната интересна заедница за становање во Битола, што не било во согласност со закон.

3. Разгледувајќи ја иницијативата, Судот утврди дека не е надлежен да одлучува по неа, затоа што оспорените акти не претставуваат прописи во смисла на член 110 од Уставот на Република Македонија, поради што одлучи како во точката 1 од ова решение.

4. Ова решение Судот го донесе во состав од претседателот на Судот м-р Јордан Арсов и судиите Бранка Циривири-Антоновска, Ариф Арифи, Димитрие Димишковски, д-р Филип Лазарески, Братољуб Раичковиќ и д-р Фиданчо Стоев.