247/1993-1-0

Вовед

Уставниот суд на Република Македонија, врз основа на член 27 од Деловникокт на Уставниот суд на Република Македонија (“Службен весник на Република Македонија” бр.70/92), на седницата одржана на 9 февруари 1994 година, донесе

Р Е Ш Е Н И Е

Текст

1. СЕ ЗАПИРААТ од извршување поединечните акти и дејствија што се донесени односно преземени врз основа на Одлуката за определување на локација за изградба на бензинска пумпа на магистралниот пат М-26, делница Гостивар – Кичево, стацкионажа на КМ-104+100 десно на подрачјето на Општина Кичево, донесена од Владата на Република Македонија (“Службен весник на Република Македонија” бр.67/93).

2. На Уставниот суд на Република Македонија Есат Садику и Неџип Садику од село Трапчин Дол Општина Кичево, му поднесоа иницијатива за поведување постапка за оценување уставноста на Одлуката означена во точката 1 од ова решение, затоа што со неа било предвидено бензинска пумпа да се гради на земјиште кое било во сосопственкост на подносителите на иницијативата, со што било повредено нивното право на сопственост, што не било во согласност со член 8 став 1 алинеја 6, член 30 и член 51 од Уставот на Република Македонија.

Во иницијативата се бара, до донесување на конечна одлука, Судот да донесе решение за запирање од извршување на оспорената одлука.

3. Судот на седницата утврди дека со оспорената одлука, врз основа на член 54 од Законот за системот на просторното и урбанистичкото планирање, се определува локација за изградба на бензинска пумпа на магистралниот пат М-26, делница Гостивар-Кичево, стационача на КМ-104+100 десно на КП.бр.754, КО “Трапчин Дол” во МВ “Мегупатој” на подрачјето на Општината Кичево, чиј инвеститор ќе биде претпријатието за промет и производство “Вај-Комерц” од Село Кпачин Дол – кичевско и се определува земјиштето кое му припаѓа на објектот за негова редовна употреба.

Понатаму, се определува дека составен дел на Одлуката е графичкиот прилог-ситуација во М 1: 500, кој не се објавува, а се наоѓа во Министерството за урбанизам, градежништво, сообраќај и екологија.

4. Уставниот суд, врз основа на расправата по предметот, оцени дека се исполнети условите од член 27 од Деловникот на Уставниот суд на Република Македонија за запирање од извршување на поединечните акти и дејствија донесени односно преземени врз основа на оспорената одлука, поради што одлучи како во точката 1 од ова решение.

5. Ова решение Судот го донесе во состав од претседателот на Судот м-р Јордан Арсов и судиите Бранка Циривири-Антоновска, Ариф Арифи, Димитрие Димишковски, д-р Филип Лазарески, Братољуб Раичковиќ и д-р Фиданчо Стоев.