23/1993-0-0

Вовед

Уставниот суд на Република Македонија, врз основа на член 71 алинеја 3 од Деловникот на Уставниот суд на Република Македонија (“Службен весник на Република Македонија” бр.70/92), на седницата одржана на 22 декември 1993 година, донесе

Р Е Ш Е Н И Е

Текст

1. СЕ ОТФРЛА иницијативата за оценување уставноста и законитоста на Заклучокот за усвојување на Програмата за чистење на јавни прометни површини и Програмата за изградба, уредување и одржување на градско зеленило, донесенн од Собрнаието на Општината Титов Велес на 29 мај 1992 година.
2. На Уставниот суд на Република Македонија, Радослав Јаковлески од Титов Велес на 10 февруари 1993 година, му поднесе иницијатива за поведување постапка за оценување законитоста на заклучокот означен во точката 1 од ова решение, затоа што со него било предвидено корисниците на комунални услуги да плаќаат 16% од износот, на месечната сметка за потрошена вода, ѓубре и канализација, за чистење на јавно прометните површини и уредување и одржување на градското зеленило, што не било во согласност со Уставот и со закон.
3. На седницата Судот утврди дека оспорениот заклучок престанал да важи на 31 декември 1992 година, од кога тој не можел да се применува.
Со оглед на тоа што иницијативата е поднесена по престанувањето на важноста на оспорениот заклучок, Судот оцени дека нема процесни претпоставки за водење на постапката и одлучи како во точката 1 од ова решение.
4. Ова решение Судот го донесе во состав од претседателот на Судот м-р Јордан Арсов и судиите Бранка Цириви-Антоновска, Ариф Арифи, Димитрие Димишкјовски, д-р Филип Лазарески, Братољуб Раичковиќ, д-р Фиданчо Стоев и Вера Терзиева-Тројачанец.